Connect with us

Свет

Откако Украина ја изведе операцијата “Пајажина”, Русија воведе вонредни безбедносни мерки на Крим

Русија воведе вонредни мерки на Крим по масовен напад со украински дронови

По најмасовниот воздушен напад досега врз руски воени бази, што се случи изминатиот викенд, руските сили драстично ја зголемија безбедноста на окупираниот Крим.

Според податоци објавени од украинската партизанска мрежа АТЕШ на платформата Телеграм, руската противвоздушна одбрана сега непрекинато патролира околу клучните воени аеродроми на полуостровот, вклучувајќи ги оние во Саки, Џанкој и Гвардискоје. Војниците, според извештаите, се жалат на физичка и психолошка исцрпеност поради недостиг на персонал и засилените безбедносни обврски. Дополнително, контролите на административната граница меѓу Крим и Херсонската област се значително заострени.

Уништен или оштетен значителен дел од руската бомбардерска флота

Да потсетиме, ноќта меѓу 1 и 2 јуни, Украина ја изведе една од најкомплексните и најмасовни беспилотни операции досега, насочена длабоко во руска територија. Нападот, според украински извори, вклучувал 117 дронови и целел на четири воени воздушни бази – од источен Сибир до западните граници на Руската Федерација.

Сателитски снимки покажуваат дека во нападот биле уништени или тешко оштетени најмалку 13 руски стратешки бомбардери, меѓу кои и модели Tu-95MS и Tu-22M3. Според проценките, вкупната материјална штета изнесува околу 6 милијарди евра.

Украинската безбедносна служба (СБУ) ја подготвувала операцијата повеќе од 18 месеци. Дроновите биле тајно внесувани на руска територија скриени во дрвени мобилни конструкции транспортирани со камиони.

Нападите предизвикале големи пожари и разурнувања на воздушните бази во Иркутската и Мурманската област. Руското Министерство за одбрана потврди дека претрпеле штета и информираше дека некои од извршителите биле приведени.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја нарече операцијата „блескава“ и историска, нагласувајќи дека со неа е уништена или онеспособена речиси третина од руската стратешка бомбардерска флота.

Воените сили на Крим на работ на издржливоста

АТЕШ известува дека руските сили на Крим сега функционираат под режим на 24-часовни стражи, со засилени патроли околу сите витални воени објекти. Внатрешно, војниците се соочуваат со премореност и недостаток од кадар, што дополнително ја комплицира безбедносната состојба.

Истовремено, руските власти вовеле нови рестрикции за движење на товарни возила преку административната граница кон Херсонската област, што сериозно ја нарушува логистичката поддршка на војската во тој регион.

Движењето АТЕШ, составено од украински и кримско-татарски партизани, редовно објавува информации за диверзии и саботажи на териториите под руска окупација.

Advertisement

Свет

Хаос на европските аеродроми по воведувањето на новиот Шенген систем

Воведувањето на Шенген системот за влез и излез (EES) на 12 октомври 2025 година предизвика сериозни проблеми на аеродромите во Европа, при што патниците во периоди на зголемена фреквенција чекаат и до три часа за да поминат гранични контроли, соопшти Европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).

Оттаму велат дека прогресивното снимање на биометриски податоци и регистрација на државјани од трети земји ја зголемуваат обработката на патниците до 70%, а недостигот на киосци и полициски кадар дополнително ја усложнува ситуацијата. Најзасегнати се аеродромите во Франција, Германија, Грција, Исланд, Италија, Португалија и Шпанија.

ACI повикува Европската комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите-членки итно да преземат мерки или да овозможат поголема флексибилност во примена на системот до целосното воведување. Генералниот директор на ACI EUROPE, Оливие Јанковец, предупредува дека доколку проблемите не се решат пред зголемувањето на прагот за регистрација на 35% од 9 јануари, хаосот на аеродромите ќе се продлабочи, со сериозни последици по безбедноста и оперативноста.

Continue Reading

Свет

Украински дронови предизвикаа штета на руската нафтена инфраструктура во Таман

Украински беспилотни летала го погодиле руското пристаниште Таман во Црното Море, при што биле оштетени две пристаништа, еден цевковод за снабдување со мазут и два танкера, соопшти регионалната администрација на Краснодарската област. На едниот танкер избувнал пожар кој веќе е изгаснат, а два резервоари за складирање биле оштетени од падот на остатоци од дрон.

Службите за цивилна заштита информираат дека екипажите на погодените бродови се евакуирани, а пожарите се целосно изгаснати. Пристаништето Таман се смета за клучна точка за испорака на нафта и течен природен гас.

Украина зачестено ги напаѓа руските нафтени и енергетски објекти како дел од својата одбрана од руската инвазија.

Continue Reading

Свет

Пентагон алармира: Кина тајно распоредила над 100 нуклеарни ракети – можно воено сценарио за Тајван до 2027

Најнов извештај на Пентагон, сè уште необјавен, открива дека Кина значително го забрзува својот нуклеарен капацитет и не покажува интерес за преговори за контрола на оружјето. Според американските разузнавачи, Пекинг тајно распоредил повеќе од 100 интерконтинентални балистички ракети од типот ДФ-31 во „полиња со силоси“ во близина на границата со Монголија, што им овозможува брзо лансирање во случај на конфликт.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави план за денуклеаризација во соработка со Кина и Русија, но извештајот на Пентагон укажува дека Пекинг не покажува сериозен интерес за такви мерки или разговори за контрола на вооружувањето.

Според документот, кинескиот нуклеарен арсенал сè уште брои под 600 боеви глави, но експанзијата продолжува, а до 2030 година се очекува бројката да надмине 1.000. Пентагон истакнува дека клучната година е 2027, кога Кина се проценува дека ќе биде способна да води и да победи во потенцијален конфликт за Тајван.

Стратегијата на Пекинг вклучува удари на далечина од 1.500 до 2.000 наутички милји од кинескиот брег, со што би можело сериозно да се попречи американското воено присуство во Азиско-пацифичкиот регион. Кина засега го застапува ставот дека се придржува до „нуклеарна стратегија на самоодбрана“ и политика на ненапаѓање, додека Пентагон предупредува на зголемената закана за стабилноста во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг