Внимавајте доколку одите во Грција: Новиот закон носи огромни казни за возачите!

Грција воведува построг сообраќаен закон: строги казни за алкохол, паркирање и мобилен телефон

Грција наскоро ќе воведе нов, построг закон за сообраќајот со кој значително ќе се зголемат казните за возење под дејство на алкохол и непрописно паркирање. Целта е подобрување на безбедноста на патиштата и намалување на бројот на сообраќајни несреќи, соопшти денес Националната асоцијација на туристички агенции на Србија – ЈУТА, пренесува Пинк.

Законот веќе е претставен во грчкиот парламент и се очекува наскоро да стапи во сила.

„Советуваме сите патници навремено да се информираат за новите прописи и строго да ги почитуваат сообраќајните закони при престојот во Грција. Казните се високи и се применуваат веднаш“, се наведува во објавата на официјалниот профил на ЈУТА на Инстаграм.

Строги казни за алкохол во сообраќајот

Новите прописи предвидуваат казни според степенот на алкохол во крвта:

Од 0,80 до 1,10 промили: 150 евра и 20 дена забрана за управување со возило

Од 1,10 до 1,30 промили: 700 евра и 90 дена забрана за возење

Над 1,30 промили: 1.200 евра, одземање на возачката дозвола за 180 дена, можност за затворска казна од најмалку два месеца, како и одземање на регистарските таблички и возилото

За повторен прекршок во рок од една година, следува казна од 2.000 евра и забрана за возење до две години.

Трет прекршок во период од пет години може да резултира со 2.000 евра казна и седумгодишна забрана за возење.

Казни за непрописно паркирање

Новите мерки сериозно го таргетираат и непрописното паркирање на возила:

Паркирање на шини: казна од 150 евра и 60 дена забрана за возење (во Атина), а во одредени случаи и затвор од една до пет години

Паркирање на тротоари, кружни текови или пешачки зони: казни до 350 евра и 70 дена забрана за управување со возило

Додатни одредби

Обврзно носење кацига за мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети

Строга контрола на користењето мобилен телефон при возење

Санкции за поминување на црвено светло

Ограничувања на брзина:

Кај училишта: 20 km/h

На помали улици: 30 km/h

Во градски средини: 50 km/h

На автопати: 140 km/h

Сите туристи се повикуваат да возат одговорно и да се придржуваат до новите правила за да избегнат сериозни последици.