Connect with us

Економија

Продажбата на нови автомобили на Tesla во Норвешка порасна за 213% во месец мај

Продажбата на нови возила на американскиот производител на електрични автомобили Tesla во Норвешка забележа пораст од дури 213 проценти во мај, споредено со истиот период минатата година, покажуваат податоците од регистарот на возила.

Вкупно се продадени околу 2.600 автомобили, а најголем дел од растот се припишува на освежениот Model Y — компактен SUV кој веќе три години по ред е најпродаваниот автомобил во земјата.

И покрај силните резултати на норвешкиот пазар, вкупната продажба на Tesla во Европа бележи пад во 2025 година. Во првите пет месеци од годинава, компанијата остварила пораст од само 8,3 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Според податоците на Норвешката управа за патишта, девет од десет новорегистрирани возила во земјата во текот на минатата година биле целосно електрични. Во 2025 година, учеството на електричните возила во вкупната продажба достигнало дури 92,7 проценти.

Со ваквиот тренд, Норвешка се приближува кон својот амбициозен план за целосно укинување на возилата на бензин и дизел.

Tesla, која годинава се соочува со намалување на продажбата на неколку европски пазари — делумно поради политичките ставови на извршниот директор Илон Маск, кој сè повеќе се поврзува со десничарски кругови — нуди специјални услови во Норвешка и неколку други земји. Компанијата овозможува купување на нов Model Y со бескаматен кредит за сите клиенти што ќе го преземат возилото до крајот на јуни.

Advertisement

Економија

Регулаторна одлучи: Струјата поскапува, најголем удар за овие потрошувачи

Од 1 јануари електричната енергија ќе поскапи, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за корекција на цените по тарифни блокови. Според одлуката, цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 2,45 проценти во првиот блок, 2,87 проценти во вториот, 3,32 проценти во третиот и 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе поскапи за 2,50 проценти.

Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, истакна дека одобреното зголемување е значително пониско од барањето доставено од ЕВН Хоум, кое изнесувало од 7,6 до речиси 12 проценти, во зависност од блокот.

„Домаќинство кое троши 210 киловат часови во првиот блок и 227 киловат часови во евтина тарифа ќе има зголемување на месечната сметка од околу 57 денари, односно 2,28 проценти“, изјави Бислимоски.

Според податоците на Регулаторната комисија, околу 64 проценти од домаќинствата, или над 517.000 корисници, трошат струја исклучиво во првиот блок. За околу 170.000 домаќинства кои влегуваат и во вториот блок, зголемувањето ќе изнесува околу 70 денари месечно. Кај приближно 14.000 домаќинства кои користат и трет блок, сметките ќе бидат повисоки за околу 370 денари, додека кај околу 4.400 домаќинства со потрошувачка и во четвртиот блок, зголемувањето достигнува и до 900 денари месечно.

Бислимоски појасни дека надоместокот од 200 денари останува дел од сметките и нема да биде укинат, бидејќи анализите покажале дека во спротивно зголемувањето на цените по блокови би било значително поголемо.

Регулаторната комисија оцени дека тарифниот систем е применет, но дека во барањето не бил целосно почитуван принципот на урамнотежување на интересите меѓу енергетските компании и потрошувачите. Како што беше нагласено, целта на одлуката е да се избегне ценовен шок и да се заштитат граѓаните од нагло зголемување на трошоците за електрична енергија.

Continue Reading

Економија

Божиновска: Енергетската транзиција се води со план, координација и одговорност

Енергетската транзиција мора да се спроведува со јасна визија, прецизно планирање и силна институционална координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по денешната седница на Советот за праведна транзиција.

На состанокот беше усогласуван Планот за имплементација за 2026 година, кој претставува клучен оперативен документ со конкретно дефинирани активности, надлежни институции, рокови, потребни ресурси и механизам за следење на напредокот.

Божиновска нагласи дека 2026 година ќе биде особено значајна за спроведување на праведната и зелената транзиција и дека ќе бара засилена меѓуинституционална координација, јасно распределени улоги и редовна отчетност од сите вклучени чинители.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го координира финализирањето на Планот, со цел државата да ја започне 2026 година со јасна насока, утврдени приоритети и фокус на конкретни резултати во процесот на праведна и одржлива енергетска трансформација.

Continue Reading

Економија

МБИ10 со пад од 0,42%, вкупен промет од 75,7 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На берзанската сесија од 23 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,42%, спуштајќи се на 10.071,87 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Вкупниот дневен промет изнесуваше 75,7 милиони денари, при што активноста беше концентрирана кај Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком, кои придонесоа за најголемиот дел од реализираниот обем на тргување.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 61.096.000 денари (вклучува блок-зделка)

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 2.054.570 денари

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) – 4.830.000 денари

Топ добитници

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,02%

Топ губитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,06%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) –2,98%

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) –2,74%

Обврзнички пазар

На денешната сесија беше реализирана една трансакција со државната обврзница „Р. Македонија – денационализација 22“, во износ од 318.930 денари по цена од 94 евра. Сите други државни и корпоративни обврзници останаа без промени во цените, при што индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени.

На берзанската сесија од 23 декември 2025 година, пазарот беше активен, со висок вкупен промет од 75,7 милиони денари, главно поради блок-зделката со акциите на Комерцијална банка. Индексот МБИ10 забележа пад од 0,42%, поттикнат од негативните движења кај Македонски Телеком, Стопанска банка и Алкалоид, додека Комерцијална банка и покрај минималниот раст остана најликвидна хартиија од вредност. Обврзничкиот пазар беше слабo активен, со една реализирана трансакција и непроменет индекс ОМБ.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг