Connect with us

Свет

Германија забрзано се вооружува: Три години за подготовка против можен руски напад

Германските вооружени сили имаат рок од три години да ја зајакнат својата борбена готовност за потенцијален напад од Русија на територијата на НАТО, изјави Анет Ленигк-Емден, директорка на Федералната канцеларија за одбранбени набавки, во интервју за весникот Тагесшпигел.

Изјавата доаѓа во контекст на сè поголемата загриженост во германските безбедносни кругови поради можната руска агресија. Началникот на Генералштабот, генерал Карстен Брејер, неодамна предупреди дека Русија би можела да биде подготвена за напад од големи размери на земји-членки на НАТО веќе во 2029 година.

Според Брејер, Москва веќе складира значајни количества муниција и тешка воена опрема, вклучително и тенкови, со фокус на балтичкиот регион.

Стотици милијарди евра за воена надградба

Ленигк-Емден посочи дека новата влада на канцеларот Фридрих Мерц значително ги олеснува инвестициите во модернизација на армијата, доделувајќи стотици милијарди евра за одбранбени цели. Таа нагласи дека приоритет ќе имаат системите за противвоздушна одбрана, како што се мобилните тенкови Skyranger.

– Подготовката за иднината бара забрзано дејствување, а поддршката од новата влада го прави тоа возможно – изјави Ленигк-Емден.

Канцеларот Мерц го постави повторното вооружување како еден од клучните приоритети на својата коалициска влада, со цел Германија да ја изгради најсилната конвенционална армија во Европа.

Цел: Над 200.000 војници до 2031

Според официјалните податоци, германската армија минатата година броела околу 180.000 активни припадници. Новата стратегија предвидува зголемување на човечкиот капацитет на над 203.000 војници до 2031 година, како дел од поширокиот план за одбранбена мобилизација и адаптација кон новите геополитички закани.

Advertisement

Свет

Зеленски во божиќно обраќање: Украина се моли за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните во пресрет на Божиќ, порачувајќи дека Украинците и четврта година по ред, и покрај војната, остануваат обединети во одбраната на својата земја.

Тој нагласи дека Бадниковата вечер е симбол на заедништво и припадност, иако војната се обидува да им го одземе чувството на мир, дом и семејна топлина. Зеленски истакна дека токму тие вредности денес се бранат – земјата, семејствата и правото на живот во мир.

Претседателот призна дека Божиќ доаѓа во исклучително тежок период и дека не сите граѓани вечерва се дома, ниту сите имаат дом. Сепак, подвлече дека Украинците, без разлика дали се во Киев, Одеса, Закарпатија или во близина на фронтот, го одбележуваат празникот заедно, како едно семејство.

Во обраќањето се осврна и на новите масовни руски напади во пресрет на Божиќ, со дронови и ракети, нагласувајќи дека и покрај тоа Украина опстојува.

Зеленски рече дека се моли за украинските војници, за враќање на заробените, за загинатите и за сите протерани, како и за оние кои, и во најтешките околности, не ја изгубиле Украина во себе.

„Се бориме за мир, се молиме за мир и го заслужуваме“, порача Зеленски, честитајќи им Божиќ на граѓаните со зборовите: „Христос се роди! Да го славиме!“.

Continue Reading

Свет

Смртоносна експлозија во јужна Москва: Загинаа двајца полицајци и уште едно лице

Двајца сообраќајни полицајци и уште едно лице загинаа во експлозија на автомобил во јужниот дел на Москва, соопшти Истражниот комитет на Русија. Инцидентот се случил рано изутринава на улицата „Елецка“, кога полициските службеници се приближиле до лице кое го сметале за сомнително.

Според официјалните информации, во моментот на интервенцијата била активирана експлозивна направа, по што следела силна детонација. Местото веднаш било обезбедено, а истражните служби започнале со преглед на снимки од надзорните камери и собирање докази.

Снимки прикажани на руските медиуми покажаа оградена зона со засилено полициско присуство, додека сведоци изјавиле дека експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време.

Инцидентот доаѓа само неколку дена по убиството на висок руски воен функционер, генерал-потполковник Фанил Сарваров, кој загина кога бомба експлодираше под неговиот автомобил во друг дел од јужна Москва. Руските истражители тој настан го окарактеризираа како можен атентат.

Руски претставници и воени коментатори веќе повикаа на остра реакција, оценувајќи дека станува збор за трет сериозен бомбашки напад во Москва во изминатата година поврзан со безбедносни цели.

Continue Reading

Свет

Проруска хакерска група ја презеде одговорноста за нападот врз Француската пошта

Проруската хакерска група „Нонејм057“ (Noname057) ја презеде одговорноста за кибернападот врз Француската пошта, кој пред два дена го парализираше работењето на централните компјутерски системи. Нападот од типот ДДоС (DDoS) доведе до откажување на сите испораки на пакети и писма, како и прекин на онлајн банкарските плаќања.

Групата „Нонејм057“ е обвинета и за други напади во Европа, меѓу кои и нападот врз Самитот на НАТО во Холандија, кој се одржа во јуни оваа година.

Франција и нејзините европски сојузници го поврзуваат ваквото дејствување со т.н. хибридна војна на Русија, насочена кон создавање поделби во западните општества и поткопување на поддршката за Украина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг