Пожар во склад за градежни материјали во Скопје

На 08.06.2025 во 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во склад за градежни материјали, сопственост на О.Б.(55) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.