Connect with us

Свет

Трамп: Да не ја испративме Националната гарда, Лос Анџелес ќе беше целосно уништен!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека испраќањето на Националната гарда во Лос Анџелес било „одлична одлука“, нагласувајќи дека на тој начин бил спречен целосен колапс на градот поради немирите што избија викендов. Причината за протестите беше неговата заострена имиграциска политика, која веќе предизвика остри реакции на повеќе нивоа.

„Да не го сторевме тоа, Лос Анџелес ќе беше целосно уништен“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, упатувајќи жестоки критики до гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом и градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас. Тие, според Трамп, лажно ја претставувале ситуацијата велејќи дека протестите биле мирни, иако, како што истакна, снимките од теренот сведочат за насилство, запалени возила и напади врз полицијата со молотови коктели.

Откако демонстрациите влегоа во трет ден, полицијата во неделата вечер прогласи дел од центарот на Лос Анџелес за забранета зона за собирање, барајќи од граѓаните да се разидат. Беа уапсени 10 лица, а претходниот ден 29, меѓу кои и претседателот на Меѓународниот синдикат на вработени во услужни дејности на Калифорнија, Дејвид Хуерта. Тој беше приведен од федерални агенти под сомнение дека им го попречувал пристапот до неговото работно место. При апсењето бил повреден, а синдикатот и политичките сојузници најавија правна реакција.

Во меѓувреме, демократите ја обвинија администрацијата на Трамп за прекумерна употреба на сила и насочена политика против имигрантите. Сенаторот Џесус Гарсија од Чикаго на собир за имигрантските права порача: „Не одиме никаде!“ – додавајќи дека се работи за намерна стратегија за заплашување и контрола.

Според најавите од Белата куќа, имиграциската и царинска служба (ICE) добила налог да приведува околу 3.000 лица дневно, со цел досега невидено ниво на депортации и затворање на американско-мексиканската граница.

Advertisement

Свет

Берлин распоредува германски војници на источната граница на Полска

Германија ќе испрати контингент војници во Полска со цел да помогне во зајакнувањето на безбедноста на источната граница, во време на зголемена загриженост поради безбедносните закани од Русија.

Како што соопшти портпарол на германското Министерство за одбрана, ангажманот на припадниците на Бундесверот ќе биде ограничен на инженерски задачи. Тие ќе работат на изградба на утврдувања, копање ровови, поставување бодликава жица и изработка на противтенковски пречки.

Контингентот ќе брои околу 50 војници, а мисијата е планирано да започне во вториот квартал од наредната година и да трае до крајот на 2027 година.

Од Министерството нагласуваат дека за ова распоредување не е потребно одобрување од германскиот парламент, бидејќи војниците нема да бидат изложени на директен вооружен конфликт или ризик по нивниот живот и здравје. Вообичаено, секое испраќање германски сили во странство бара парламентарна согласност, освен во вакви случаи.

Полска, која важи за еден од најгласните поддржувачи на Украина во конфликтот со Русија, во мај најави дополнителни мерки за зајакнување на границите со Белорусија и руската енклава Калининград.

Continue Reading

Свет

Напади со хиперсонични ракети ја затемнија Украина, Зеленски обвини за таргетирање на цивили

Илјадници жители во Украина останаа без електрична енергија по серијата ноќни напади што руските сили ги извршија врз повеќе региони во земјата, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според неговите изјави, во нападите биле оштетени над десетина цивилни објекти, а прекин на струја е регистриран во најмалку седум региони. Зеленски оцени дека станува збор за намерни удари врз цивилната инфраструктура, со цел да се предизвика страдање кај населението.

„Важно е светот јасно да види што прави Русија. Очигледно е дека таа не тежнее кон завршување на војната, туку кон уништување на Украина и нанесување најголема можна болка на украинскиот народ“, порача украинскиот претседател.

Од руската страна беше потврдено дека во нападите биле користени хиперсонични ракети, но не беа објавени информации за евентуални цивилни жртви. Нападите се дел од континуираната офанзива, која предизвикува зголемена загриженост за безбедноста на цивилното население и критичната инфраструктура.

Украинските служби работат на проценка на штетите и постепено враќање на електричната енергија во погодените подрачја, додека Зеленски упати повик за засилена меѓународна поддршка, како во одбраната, така и во хуманитарната помош.

Continue Reading

Свет

Дипломатски скандал: Пакистанскиот премиер по 40 минути чекање му упадна на состанок на Путин

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, наиде на дипломатска непријатност за време на меѓународен настан во Ашхабат, откако повеќе од 40 минути чекал на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Според медиумските извештаи, Шариф по подолгото чекање одлучил неочекувано да влезе во просторијата каде што Путин веќе одржувал состанок со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По околу пет минути престој, пакистанскиот премиер ја напуштил просторијата.

Настанот привлече големо внимание на социјалните мрежи, откако се појави видео на кое се гледа моментот кога Шариф „упаѓа“ на средбата меѓу рускиот и турскиот претседател во Конгресниот центар во главниот град на Туркменистан.

Руската државна агенција РИА Новости објави дека Путин и Ердоган продолжиле со разговорите во приватна атмосфера, откако делегациите на двете земји ја напуштиле просторијата. Подоцна, пакистанскиот премиер се приклучил на состанокот, со очекување разговорот со Путин да продолжи во друга просторија.

Според истите извештаи, Шариф заедно со својата делегација, меѓу кои и министерот за надворешни работи Ишак Дар, чекал повеќе од 40 минути, пред да одлучи да го прекине состанокот што се одвивал паралелно во друг дел од Конгресниот центар.

Средбата се случила кратко по завршувањето на државната посета на Владимир Путин на Индија, која руските власти ја оценија како многу успешна и во чии рамки биле дополнително зајаснати и зајакнати односите меѓу Москва и Њу Делхи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг