Одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ на АРСМ
Со воена свеченост во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, припадниците на воздухопловниот ВИНГ при Командата за операции го одбележаа 10 Јуни – Денот на единицата.

Датумот симболично го одбележува првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и претставува институционален белег на военото воздухопловство во рамки на Армијата на Република Северна Македонија.
