Полициска акција во Тетово: Пронајдени оружје, дрога и сомнителни предмети

Тројца жители на Тетово, на возраст од 36, 37 и 61 година, се уапсени по извршен претрес во нивниот дом, при што полицијата пронашла огнено оружје, муниција, дрога и предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, при претресот биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм, рамка со 15 куршуми од истиот калибар, две празни рамки, дополнителни 100 куршуми, неколку пакувања со бела прашкаста материја, таблети, мобилен телефон и други предмети.

Против уапсените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а пронајдените предмети се предадени на понатамошна криминалистичка обработка. Случајот го води СВР Тетово.