Прекини во водоснабдувањето во една скопска општина

Жителите од населбата Александрија во скопската населба Влае денеска ќе останат без вода поради изведба на водоводен приклучок на улицата „Ацо Шопов“ бр. 76.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 9:00 часот и ќе трае сè до завршување на техничките активности на терен.

Од јавното претпријатие апелираат граѓаните навреме да се снабдат со потребните количини вода и упатуваат благодарност за разбирањето.