Connect with us

Економија

Божиновска: Науката е наш сојузник во зелената транзиција и технолошкиот напредок

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес се обрати на ИНФО ДЕНОТ посветен на поддршката за научно-истражувачката дејност во Македонија, со посебен фокус на новите можности за соработка со Joint Research Centre на Европската комисија.

Божиновска истакна дека науката и истражувањето се клучни двигатели на идните трансформации во општеството – од чиста енергија и дигитализација, до управување со критични минерали и современи рударски технологии.

„Токму во нашите сектори – енергетика, рударство, минерални суровини – се случуваат големите трансформации што ќе го дефинираат 21-от век“, порача министерката, додавајќи дека Министерството ќе биде активен партнер во овие процеси, не само со декларативна поддршка, туку со конкретни проекти и мерки.

Според Божиновска, земјата располага со знаење и визија, а преку воспоставената рамка за соработка со европските истражувачки институции, конечно добива и функционална алатка за реализација на овие цели.

Настанот се смета за важен чекор во унапредувањето на врската меѓу научната заедница и институциите, со цел поефикасна примена на иновациите и експертските анализи во носењето на стратешки одлуки за развој.

Advertisement

Економија

Божиновска: Енергетската транзиција се води со план, координација и одговорност

Енергетската транзиција мора да се спроведува со јасна визија, прецизно планирање и силна институционална координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по денешната седница на Советот за праведна транзиција.

На состанокот беше усогласуван Планот за имплементација за 2026 година, кој претставува клучен оперативен документ со конкретно дефинирани активности, надлежни институции, рокови, потребни ресурси и механизам за следење на напредокот.

Божиновска нагласи дека 2026 година ќе биде особено значајна за спроведување на праведната и зелената транзиција и дека ќе бара засилена меѓуинституционална координација, јасно распределени улоги и редовна отчетност од сите вклучени чинители.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го координира финализирањето на Планот, со цел државата да ја започне 2026 година со јасна насока, утврдени приоритети и фокус на конкретни резултати во процесот на праведна и одржлива енергетска трансформација.

Continue Reading

Економија

МБИ10 со пад од 0,42%, вкупен промет од 75,7 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На берзанската сесија од 23 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,42%, спуштајќи се на 10.071,87 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Вкупниот дневен промет изнесуваше 75,7 милиони денари, при што активноста беше концентрирана кај Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком, кои придонесоа за најголемиот дел од реализираниот обем на тргување.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 61.096.000 денари (вклучува блок-зделка)

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 2.054.570 денари

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) – 4.830.000 денари

Топ добитници

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,02%

Топ губитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,06%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) –2,98%

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) –2,74%

Обврзнички пазар

На денешната сесија беше реализирана една трансакција со државната обврзница „Р. Македонија – денационализација 22“, во износ од 318.930 денари по цена од 94 евра. Сите други државни и корпоративни обврзници останаа без промени во цените, при што индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени.

На берзанската сесија од 23 декември 2025 година, пазарот беше активен, со висок вкупен промет од 75,7 милиони денари, главно поради блок-зделката со акциите на Комерцијална банка. Индексот МБИ10 забележа пад од 0,42%, поттикнат од негативните движења кај Македонски Телеком, Стопанска банка и Алкалоид, додека Комерцијална банка и покрај минималниот раст остана најликвидна хартиија од вредност. Обврзничкиот пазар беше слабo активен, со една реализирана трансакција и непроменет индекс ОМБ.

Continue Reading

Економија

Бислимовски потврдува: Струјата поскапува

По барање на „ЕВН Хоум“, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за поскапување на електричната енергија. Според прес-конференцијата на претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, за првиот тарифен блок цената ќе расте за 2,45%, вториот блок за 2,87%, третиот за 3,33%, а четвртиот блок дури за 3,84%.

За евтината тарифа, РКЕ одлучи зголемување од 2,5%.

Бислимовски истакна дека одлуката е донесена по внимателна анализа и се однесува на сите домаќинства, со цел да се усогласат трошоците на електричната енергија со пазарните услови.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг