Connect with us

Економија

Димитриеска-Кочоска: Претходната Влада го зголеми јавниот долг за 4.1 милијарди евра

gordana kocoska

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење  3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.

При тоа истакна дека во континуитет претходната Влада  се повикува дека 2 милијарди биле искористениза антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки.

„Кога станува збор за јавен долг имате најмалку право да збоурвате кој го зголемил долгот за 3,3 милијарди и тоа е факт којшто ќе ѕвони уште 30 години“, рече министерката.

Економија

Цените на бензините се спуштаат, а дизелот го чува истото ниво

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска објави нови малопродажни цени на нафтените деривати. ЕУРОСУПЕР БС – 95 од ноќеска ќе се продава по 70 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 72 денари. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за цели два денара и ќе се продава за 63,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува непроменета на 64,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,028 денари за килограм и ќе изнесува 32,607 денари.

Според Комисијата, во просек малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за 1,18 проценти. Референтните цени на светскиот пазар покажуваат дека бензините поевтинуваат за 2,899%, дизелот за 0,779%, а екстра лесното масло за 5,006%. Единствено мазутот бележи мало зголемување од 0,964%. Притоа, курсот на денарот во однос на доларот со претходната пресметка е понизок за 0,0166%.

РКЕ апелира до потрошувачите дека поевтинувањето на горивата ќе се одрази позитивно на трошоците за домаќинствата и транспортот.

Continue Reading

Економија

Благородните метали ја качуваат вредноста: златото +67%, среброто +138%

zlato

Скапоцените метали продолжуваат со историскиот пораст, носејќи радост кај инвеститорите ширум светот. Цената на златото првпат ја надмина границата од 4.400 долари за унца, додека среброто достигна импресивни 69,44 долари, највисоко ниво во историјата. Од почетокот на годината, златото бележи раст од 67%, а среброто неверојатни 138%, поттикнати од силна побарувачка и ограничена понуда на пазарот.

Експертите го објаснуваат растот со комбинација на фактори: очекувањата за намалување на каматните стапки во САД, геополитичките и трговските тензии, како и континуираното купување од страна на централните банки. Дополнително, послабиот долар го прави златото и среброто уште поатрактивни за меѓународните инвеститори.

„Декември обично носи позитивни приноси за златото и среброто, но инвеститорите треба да бидат внимателни, бидејќи обемот на тргување може да се намали, додека профитот расте“, предупредува Мет Симпсон, виш аналитичар во „Стоун икс“.

Од техничка гледна точка, аналитичарот на Ројтерс, Ванг Тао, смета дека златото може да продолжи со растот и да стигне до 4.427 долари по унца, откако го проби клучното ниво на отпор од 4.375 долари.

Силниот раст не се забележува само кај златото и среброто – и другите скапоцени метали ја надминаа очекуваната динамика. Платината се зголеми за 4,3% на 2.057,15 долари, достигнувајќи највисоко ниво во последните 17 години, додека паладиумот порасна за 4,2% на 1.786,45 долари, највисоко за речиси три години.

Ако трендот продолжи, оваа година златото и среброто ќе забележат најголем годишен раст од 1979 година, потврдувајќи дека скапоцените метали повторно се центар на вниманието на светските инвеститори.

Continue Reading

Економија

Странски „хај-тек“ инвестиции од Германија и Турција: 80 милиони евра и илјада нови работни места

Македонската економија влегува во нова фаза на развој со најавата за две значајни странски инвестиции во областа на високата технологија. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека германска и турска компанија ќе инвестираат околу 80 милиони евра, носејќи свеж капитал надвор од досега доминантната автомобилска индустрија.

Според најавите, двата проекта ќе имаат силен извозен карактер и значајна додадена вредност. Се очекува годишен извоз од над 200 милиони евра, како и отворање на приближно 1.000 нови работни места, главно во сегментот на високо квалификуван кадар.

Мицкоски истакна дека ваквите инвестиции го потврдуваат стратешкото насочување на државата кон високо-технолошки индустрии, со цел диверзификација на економијата и намалување на зависноста од еден сектор. Тој изрази оптимизам дека до крајот на годината ќе следат уште нови странски вложувања.

Најавените проекти се оценуваат како јасен сигнал за подобрена инвестициска клима и дел од пошироките напори за привлекување современи технологии, повисоки плати и одржлив економски раст.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг