Објавени првите снимки од падот на авионот: Страшни глетки, леталото во пламен и целосно уништено [ВИДЕО]

Авион на компанијата Ер Индија се урна при поаѓање од аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад, во сојузната држава Гуджарат. Во авионот имало 242 лица, од кои 230 патници и 12 членови на екипажот.

Според првичните информации, леталото се срушило веднаш по поаѓањето. Итни служби се на лице место и веднаш интервенираат.

На социјалните мрежи се појави видео од моментот на падот на авионот. Според фотографиите, се работи за авионот Боинг 787 Дримлајнер, кој е целосно уништен, обвиткан во пламен.

На местото на несреќата се забележани страшни сцени, а небото над падот е целосно затемнето од чадот.

Во други видеа се гледаат жители кои со раце на глава во паника гледаат кон остатоците од авионот и брзаат кон местото на падот.

Информациите за жртвите сè уште се непотврдени, а истрагата е во тек.