Муцунски: Македонија меѓу првите земји што ги евакуираше своите граѓани од Израел

Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, вечерва пристигна на скопскиот аеродром.

Со ова, станавме една од првите земји во Европа што успешно организираше и реализираше повраток на своите граѓани од зоната на конфликт.