Connect with us

Економија

“Најголемата инвестиција во историјата”: 40 авиони за 3,2 милијарди евра – крајната бројка може да достигне и 84 летала

Историска инвестиција: Полска нарача 40 авиони од Ербас вредни 3,2 милијарди евра

Полската национална авиокомпанија LOT склучи договор со европскиот производител на авиони „Ербас“ за набавка на најмалку 40 патнички авиони од моделот A220, објави агенцијата „Ројтерс“.

Вредноста на договорот се проценува на околу 3,5 милијарди долари, односно приближно 3,2 милијарди евра. Според аналитичарите, постои можност нарачката да се прошири и на вкупно 84 летала.

Оваа инвестиција доаѓа по интензивната конкуренција меѓу францускиот „Ербас“ и бразилскиот „Ембраер“ и се смета за важен показател за подобрување на политичките односи меѓу Варшава и Париз. Главното седиште на „Ербас“ се наоѓа во Франција.

„Станува збор за најголемата инвестиција во историјата на полската национална авиокомпанија и дел од пошироката стратегија за позиционирање на Полска како лидер во воздушниот сообраќај во Европа“, изјави премиерот на Полска, Доналд Туск.

Од раководството на LOT појаснија дека изборот на моделот A220 е направен врз основа на економски критериуми.

Договорот се оценува како нова страница во односите меѓу Полска и Франција, особено ако се има предвид дека во 2016 година Варшава еднострано го раскина договорот за набавка на 50 воени хеликоптери H225M Caracal, вреден 3,5 милијарди долари. Тоа предизвика негативна реакција во француската јавност, кај „Ербас“ и во француската влада, која тогаш најави преиспитување на соработката во областа на одбраната со Полска, земја-членка на НАТО.

Advertisement

Економија

Странски „хај-тек“ инвестиции од Германија и Турција: 80 милиони евра и илјада нови работни места

Македонската економија влегува во нова фаза на развој со најавата за две значајни странски инвестиции во областа на високата технологија. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека германска и турска компанија ќе инвестираат околу 80 милиони евра, носејќи свеж капитал надвор од досега доминантната автомобилска индустрија.

Според најавите, двата проекта ќе имаат силен извозен карактер и значајна додадена вредност. Се очекува годишен извоз од над 200 милиони евра, како и отворање на приближно 1.000 нови работни места, главно во сегментот на високо квалификуван кадар.

Мицкоски истакна дека ваквите инвестиции го потврдуваат стратешкото насочување на државата кон високо-технолошки индустрии, со цел диверзификација на економијата и намалување на зависноста од еден сектор. Тој изрази оптимизам дека до крајот на годината ќе следат уште нови странски вложувања.

Најавените проекти се оценуваат како јасен сигнал за подобрена инвестициска клима и дел од пошироките напори за привлекување современи технологии, повисоки плати и одржлив економски раст.

Continue Reading

Економија

Димитриеска – Кочоска: 97 милиони евра за клучни енергетски проекти

Денеска беа потпишани договори за државна гаранција и заеми во вкупна вредност од 97 милиони евра, со кои ќе се реализираат стратешки енергетски проекти што значително ќе ја променат енергетската слика на државата.

Министерството за финансии, преку издавање државна гаранција, овозможи финансирање од 87 милиони евра за проектот „Фотонапонска електроцентрала Битола 3“. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КфВ, а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Дополнително, обезбедени се и 10 милиони евра за ревитализација на хидроелектраните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изрази благодарност до меѓународните финансиски институции за континуираната поддршка, како и до тимот на АД ЕСМ за нивната посветеност во реализацијата на проектите.

Според неа, овие капитални инвестиции ќе придонесат за зајакнување на домашното производство на електрична енергија, ќе обезбедат посигурно и постабилно снабдување и ќе дадат силен поттик за економска стабилност и одржлив развој на државата.

Continue Reading

Економија

Божиновска: Нема енергетска криза, државата има резерви од мазут!

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно резерви на мазут за да ги покрие потребите.

Барањето за кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница, но Божиновска нагласи дека тоа е технички чекор за да се активираат државните резерви. Причина за ова е триесетдневната неможност за редовна набавка на мазут од Грција поради тамошните протести.

„Нема да има никаква криза. Постои мазут во државата – ако не го земат од Грција, ЕСМ ќе го земе од државните резерви. За граѓаните ова нема да значи апсолутно ништо“, истакна министерката.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг