Трагедија во Грција: Жена од Србија пронајдена мртва на плажа

Српска државјанка била пронајдена во несвест на плажата Макригијалос во Пиерија, во вторник наутро, соопшти денес грчката крајбрежна стража, пренесува српскиот портал Блиц.

73-годишната жена со итна медицинска помош била пренесена во Здравствениот центар Егинио, каде што лекарите ја констатирале нејзината смрт, јавува агенцијата Ана.

Во тек е истрага што ја спроведува Централната пристанишна управа во Солун.

Инаку, пред две недели, во близина на Касандра беше пронајдено тело на жена од Србија, а лекарите тогаш исто така ја потврдија смртта.