Connect with us

Магазин

Таков каков што сум’’ – aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев

Автобиографијата на Кочо Анѓушев е личен приказ на човек кој влегол во бизнисот пред 20 години со тоа што го слушал и учел од својот дедо, фабрикант пред Втората светска војна. Преку тоа што лично го поминал, Анѓушев зборува паралелно и за образованието, и за бизнисот и за општеството, а во еден дел и за политиката.

Главните пораки се дека младите денес се презаштитени, со социјалите мрежи имаат лоша претстава за светот, а учењето и посветената работа се потценуваат. Дека успехот никој не го подарува, дека да се успее во светски рамки е многу тежок потфат кој бара упорност. Ги опишува неговите бизниси, кои сите до еден биле нови на ова поднебје, односно сам почнал да пробива пат за многу работи: трговија со електрична енергија, призводство на водородни и електрични возила во БРАКО, мали хидроелектрани, а денес и биогасни и фотонапонски електрани и батерии..

Според Анѓушев, селењето во странство многу често не е решение на егзистенцијалните проблеми и како што вели во заклучокот, Анѓушев ја напишал оваа книга за да поттикне што повеќе млади луѓе сами да почнат свој бизнис, да им го охрабри претприемачкиот дух и да останат во Македонија. 

,,Во оваа книга се обидов преку својот живот, преку своите искуства и грешки, да оставам едно четиво за сите кои денес се занимаваат или сакаат во иднина да се занимаваат со бизнис. Ова е, пред сѐ, книга за тоа дека може да се почне од нула и да се успее во животот со многу работа и учење. И дека никогаш не треба да се откажувате’’.
Во еден дел од книгата е опишано и неговото учество во Владата, каде вели дека се обидел со знаење и искуство да придонесе за државата, а наишол на друг прием, потоа за неговиот став дека политичките партии треба да соработуваат за клучните државни интереси; за бракот од интерес меѓу политичари, фонадови и медиуми, и на крај како дошло до негово санкционирање со забрана за влез во САД, за што ангажирал свои застапници во Вашингтон да ја докаже неоснованоста на тој чекор.

,,Некои луѓе во таа Влада мене ме гледаа како натрапник, како општествена закана. Богат претприемач, кој им е класен непријател. Не можев да верувам што слушам во држава во која е демократија и пазарна економија. Ноо, кога сега гледам дека некои пишуваат како Илон Маск се вклучил во владата во САД за да се збогати, сега сѐ ми е јасно. Тој е најбогат човек на светот, најбогат во историјата. Зар некој мисли дека на Маск му требаат уште пари? Не. Тој едноставно мисли дека може и знае да ги подобри работите во некоја сфера. Ама никој не верува дека некој што е богат може да работи за јавно добро. Чудно, ама многу лесно му се верува на некој што никогаш ништо не создал за себе и своето семејство, па дека токму сега и баш во владата тој ќе создаде за сите други.,,
Ова е првпат Анѓушев да напише книга која е надвор од машинската струка, односно надвор неговите книги од кои се учи на Машинскиот факултет. 

Книгата е напишана во јануари годинава, а од печат излезе на македонски и англиски јазик, во соработка со издавачката куќа Арс Ламина. Ќе се продава во книжарите на Литература и во уште повеќе од 100 книжари и штандови за книги во хипермаркетите, како редок вид на вакво четиво кај нас.

Advertisement

Магазин

Transmission – Музичка вечер со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.

20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов преку проектот Transmission ги сплотуваат традиционалното и модерното преку звукот на тапанот и електронската музика.

Составен од два дела, првиот посветен на нивните херои од детството Никола Бадев, Кирил Манчевски и Зафир Хадџиманов во придружба на единствената Тања Царовска, додека вториот ќе раскаже еден понов период на творење осврнат кон електронската музика, која некои љубители, познавачи и издавачи ја означуваат како ORGANIC – PROGRESSIVE – HOUSE.

Музика во живо со: ХАЏИМАНОВ – ЦАРОВСКА – ПЕТРОВ – ВАСИЉЕВИЧ – ШАРЕВСКИ

Почеток во 20 часот, во Станица 26 na 24 Dekmvri

Картите по цена од 1000 денари се продаваат во THREE BAR & KITCHEN, Soma и Чашка

Continue Reading

Магазин

Светот на диетите се менува: Пристигнува првата таблета за слабеење

vaga

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот лек за слабеење во облик на таблета, означувајќи значајна пресвртница во третманот на прекумерната телесна тежина. Информацијата ја објави данската фармацевтска компанија Novo Nordisk, производителот на лекот.

Новата таблета се зема еднаш дневно, а според компанијата, дава ист ефект како досегашната неделна инјекција. За разлика од други лекови за слабеење кои првично биле создадени за пациенти со дијабетес тип 2, овој лек е од почеток развиен исклучиво за губење на тежината.

Клиничките испитувања со приближно 1.300 учесници покажале импресивни резултати: во просек, корисниците изгубиле 16,6% од телесната тежина, додека околу една третина од нив успеале да намалат дури 20% или повеќе. „Пациентите ќе добијат практична таблета што се зема еднаш дневно и може да помогне да се изгуби исто толку тежина како и со оригиналната инјекција“, изјави извршниот директор на компанијата.

Очекувањата се дека таблетата ќе се појави на американскиот пазар почетокот на јануари 2026 година. Одобрувањето веднаш предизвика позитивен шок на берзата – акциите на Novo Nordisk пораснаа речиси 10% по затворањето на тргувањето во Њујорк.

Во Европа, лекот сè уште е достапен само како неделна инјекција и тоа со лекарски рецепт во одредени земји. Таблетата за европскиот пазар сè уште не е одобрена, а регулаторната одлука се очекува најрано во втората половина на 2026 година.

Continue Reading

Магазин

Мега забавен парк од 1,1 милијарда долари „Дракула Ленд“ се отвора во Романија

drakula park

Романија ја трансформира својата најпозната легенда во глобална туристичка атракција. Во близина на Букурешт е потврден изградбата на „Дракула Ленд“, мега-забавен комплекс вреден 1,1 милијарда долари, кој ќе биде целосно финансиран од приватни инвеститори.

На површина од 192 акри, новиот мега-парк ќе понуди над 40 атракции распоредени во шест тематски зони, инспирирани од легендата за Дракула и богатиот романски фолклор. Но „Дракула Ленд“ нема да биде само забавен парк – проектот предвидува луксузни хотели, арени за е-спорт, огромни концертни и шоу-простори, како и содржини за дневни и ноќни активности, привлекувајќи туристи од целиот свет.

Со оваа амбициозна инвестиција, Романија се стреми да создаде целосна туристичка дестинација што ќе се натпреварува со најпознатите европски тематски паркови. Изградбата е закажана да започне во септември 2026 година, а отворањето се планира веќе во 2027 година, доколку се следи планираниот ритам.

Со овој проект, Романија не само што сака да го оживее својот најпознат мит, туку и да се позиционира како една од водечките забавни и туристички дестинации во Европа, привлекувајќи милиони посетители секоја година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг