Апелација одреди 30-дневен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи
Апелациониот суд Скопје донесе одлука за определување 30-дневен ефективен притвор за поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, како и за организацискиот директор Нехат Нухи.
Одлуката следи по жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, кое побара построги мерки, укажувајќи на опасност од бегство на обвинетите. Обвинителката Фатиме Фетаи пред судот истакна дека постои висок степен на сомнение за сериозни кривични дела, како и реална можност обвинетите да се дадат во бегство, земајќи ја предвид тежината на делата и потенцијалната висина на казната.
„Единствена соодветна мерка во овој момент е ефективниот притвор,“ нагласи Фетаи.
Во своето обраќање пред судот, д-р Васев побара фер судење и посочи дека досега целосно соработувал со институциите.
