Connect with us

Балкан

Ивана доживеа тешка ужасна драма за време на летувањето во Грција

Она што требало да биде релаксирачки одмор во Солун за Иванa од Белград и нејзиното семејство, се претворило во низа трауматични и вознемирувачки настани. Своето искуство го споделила во групата „Грција – група за туристе“ на Фејсбук, предизвикувајќи бурни реакции кај членовите.

„Одлучивме да одиме во Солун на седум дена со пријатели. Изнајмивме Mercedes Vito во Белград и преку Airbnb најдовме стан. Единствено позитивно беа домаќините, сè друго беше како од црна комедија“, пишува Ивана.

Приведена поради навигациска грешка

На вториот ден од одморот, таа самата тргнала до продавница, но по враќањето се изгубила на рурален пат, каде што ја запрела грчката полиција. По барање на документи, била приведена во полициска станица и таму задржана на испрашување два часа, иако на крај била пуштена без обвинение.

Претрес до гола кожа

Само неколку стотини метри понатаму, била повторно сопрена, овојпат од специјална полициска единица. „Ме претресоа целосно, дури и до гола кожа. Рекоа дека Србите често користат вакви возила за шверц. Иако не пронајдоа ништо, ме третираа како криминалец“, раскажува Ивана.

Сообраќајна несреќа и повредено дете

Третиот шок доаѓа кога при враќање од плажа, нејзиното возило било удрено од Mini Morris на раскрсница. Од силниот удар, комбито се поместило два метра, а нивната 13-месечна ќерка, иако во седиште, удрила со глава и завршила во болница. „Сè уште сме тука, и јас и бебето“, додава Ивана.

„Чист фашизам“

Таа тврди дека целиот одмор бил обележан со грубост и понижување од страна на полицијата. „Никогаш не сум била третирана полошо. Ова што го доживеав го нарекувам чист фашизам. Грција ме има видено – и не верувам дека некогаш повторно ќе се вратам таму“, заклучува Ивана.

Advertisement

Балкан

Рама поддржува ограничување на правото на вето за новите членки на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека предложената идеја на Европската Унија за ограничување на правото на вето на новите членки на почетокот од нивното членство е „добра“. Предлогот има за цел да ги смири скептичните главни градови кон проширувањето на Унијата.

„Мислам дека е добра идеја“, изјави Рама за „Политико“ пред самитот ЕУ-Западен Балкан. Тој додаде дека несогласувањата во ЕУ се неизбежни, но дека пристапот на Албанија ќе се разликува од оној на Унгарија кога станува збор за блокирање на политиката на Унијата.

Рама потенцираше дека новите членки треба отворено да ги искажуваат своите ставови, но на крајот да се придржуваат кон колективните одлуки. Албанија се смета за еден од фаворитите за полноправно членство, со цел да стане членка на ЕУ до 2030 година.

Continue Reading

Балкан

ЕУ ја укинува блокадата кон Косово: 205 милиони евра помош наскоро достапни

Европската Унија одлучи да ги укине сите санкции против Косово до крајот на јануари 2026 година, што ќе овозможи на земјата да добие 205 милиони евра помош на почетокот на новата година. Одлуката следи по мирната транзиција на локалната власт во северните општини со мнозинство Срби.

Санкциите, кои досега предизвикаа штета од над 613 милиони евра, се однесуваа на клучни сектори како животната средина, енергетиката, дигитализацијата и културата.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, преку социјалните мрежи изрази благодарност до лидерите на ЕУ и сите партнери на Косово за признавањето на посветеноста на земјата во овие процеси.

Continue Reading

Балкан

Масовни дојави за бомби во училишта низ БиХ, учениците евакуирани

Утрово повеќе основни и средни училишта во Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина добија дојави за бомби, што доведе до прекин на наставата и итна евакуација на учениците и персоналот. Полициските екипи се на терен и преземаат мерки за проверка на заканите. Според неофицијални информации, пријавите главно биле испраќани преку електронски адреси.

Владата на Тузланскиот кантон и Министерството за образование и наука соопштија дека сите активности се спроведуваат во согласност со законските и безбедносните протоколи. „Училишните администрации и наставниот кадар дејствуваат одговорно, а безбедноста на учениците, наставниците и другите вработени е апсолутен приоритет“, велат од Владата. Учениците беа безбедно евакуирани и испратени во своите домови.

Покрај Тузла, дојави за бомби беа пријавени и во училишта во Република Српска, вклучувајќи градови како Бања Лука, Приједор, Прњавор, Лакташи, Требиње и Добој. Полицијата веднаш започна контрасаботажен преглед и обезбедување на објектите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг