brza pomos

Тешко повредена жена во сообраќајка кај Дојран

Шеесетгодишна жена од Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако во неа удрил мотоцикл на патот Стар Дојран – Нов Дојран, информира Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила на 22 јуни околу 11:45 часот, кога мотоцикл марка „Кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 43-годишниот С.Т. од селото Негорци, изгубил контрола и удрил во пешакот Ј.Н.Ј.

Во судирот со тешки телесни повреди се здобиле и пешакот и мотоциклистот, а повредите се констатирани во Јавната здравствена установа во Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гевгелија, а истрагата за причините и околностите продолжува.