Connect with us

Македонија

Вајц: Усвоен првиот извештај за напредокот на Македонија во Европскиот парламент

Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за Северна Македонија за 2023 и 2024 година, подготвен од австрискиот европратеник и известувач за земјата, Томас Вајц.

По усвојувањето на документот, Вајц изрази задоволство што извештајот добил широка поддршка од различни политички групи во Европарламентот.

„Денеска го усвоивме првиот извештај за земјата на Северна Македонија од 2022 година во Комитетот за надворешни работи. Горд сум на целата напорна работа што беше вложена во наоѓањето компромиси за да можеме да го донесеме овој добро избалансиран извештај со широко политичко мнозинство. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во предизвикувачкиот геополитички пејзаж со кој се соочуваме. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го одржиме моменталниот добар моментум за понатамошно унапредување на процесот на проширување“, изјави Вајц, во соопштение испратено од прес-службата на Европскиот парламент.

Првично, гласањето за извештајот беше закажано за 4 јуни, но беше одложено на барање на Вајц поради притисоци од бугарски европратеници, кои изразија несогласување со јасното спомнување на македонскиот јазик и идентитет во документот. Тогаш Вајц изјави дека бил сведок на интензивни политички дебати, но оти цврсто стои зад извештајот, кој е резултат на преговори и компромиси во кои биле вклучени сите пратенички групи.

Во усвоениот извештај се нагласува потребата од задржување на моментумот и кредибилитетот на европскиот интеграциски процес. Се истакнува дека Северна Македонија и понатаму покажува посветеност кон ЕУ интеграцијата и усогласување со европските политики. Документот повикува на забрзување на преговорите за членство и на спроведување на уставните измени, при што се вклучени и неколку референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет.

Advertisement

Балкан

Познати деталите од трагичниот настан во Србија каде двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград–Ниш

Двајца граѓани на Северна Македонија го загубија животот во сериозна сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград–Ниш во Србија, потврдуваат српските медиуми и првичните информации од местото на настанот.


Несреќата се случила кај клучката Умчари, кога возило марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки излетало од коловозот, при што силата на ударот била фатална за двајцата патници што седеле на предните седишта. Телата на мажот и жената, за кои е потврдено дека се македонски државјани, биле извлечени од урнатиот автомобил.


Според неофицијалните информации, во возилото имало уште едно лице – патник кој го преживеал ударот, но со тешки повреди бил пренесен во болница на понатамошна медицинска грижа. Причините за несреќата сè уште се истражуваат од српските сообраќајни служби.


Несреќата предизвика загриженост кај јавноста и семејствата на загинатите, а надлежните органи најавија дека ќе продолжат со увид на местото на настанот за да утврдат дали околностите како условите на патот или временските услови влијаеле на случувањата.
Овој трагичен инцидент доаѓа во време кога граѓаните кои патуваат меѓу земјите на Балканот често користат автопатот Белград–Ниш како главна сообраќајна артерија, но истовремено ја потсетува јавноста на потребата од зголемена претпазливост на патиштата.

Continue Reading

Инфо +

Др. Беќаровски со совет за заштита од PM2.5 и PM10: План за детоксикација во денови со екстремно загадување

Во услови на зголемено аерозагадување и енормно високи концентрации на PM2.5 и PM10 честички, кои деновиве се регистрираат во повеќе градови низ земјава, доктор по медицина сподели едноставен совет и план за намалување на негативното, канцерогено влијание врз организмот.


Според препораката, целта не е целосно да се неутрализира загадувањето – што е невозможно без системски мерки – туку да се минимизира штетата врз респираторниот и имунолошкиот систем преку природна поддршка и хидратација.
Во рамки на предложениот дневен план се советува:


Наутро: чај од диво оригано со додатоци за поддршка на имунитетот
Пред ручек: зелен чај во комбинација со витамин Д (1000 ИЕ)


Навечер: чај од ѓумбир и куркума или бел слез, повторно со природна имунолошка поддршка
Дополнително, се препорачува во текот на денот да се внесуваат најмалку два литра млака вода со лимон, а кај лица без висок крвен притисок – и дополнителна чаша зелен чај.


„Ако загадувањето не може да се спречи, тогаш барем може навремено да се ублажат неговите последици врз здравјето“, се наведува во пораката.
Во објавата се посочува и загрижувачки податок дека околу 65% од возрасната популација во Македонија пуши, при што просечно месечно издвојува околу 4.500 денари за цигари, што дополнително го зголемува ризикот од респираторни и канцерогени заболувања во комбинација со загадениот воздух.


Медицинската фела и здравствените експерти постојано апелираат дека во денови со високо присуство на PM честички, граѓаните треба да избегнуваат подолг престој на отворено, да користат заштитни маски кога е потребно и да водат грижа за јакнење на имунитетот.

Continue Reading

Македонија

Николоски: Македонија е пример за почитување на мајчиниот јазик на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската заедница како најголема цивилизациска придобивка, рече заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.

“Има многу заднички што можеме да кажеме и заеднички да споделиме меѓу двата народи и двете држави, а секако наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка која што еден народ може да ја има. Горд сум што можам да кажам дека Македонија тоа го овозможува на сите припадници на турската заедница, на турскиот народ кој што живее во Македонија и ова е нешто што треба заеднички да го градиме и надградуваме затоа што нашите јазици коегзистираат со векови и тоа е цивилизациска придобивка која мора да ја надградуваме со децениите и вековите кои што доаѓаат пред нас. 

Нема поблизок народ за мекедонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и затоа треба да заеднички да создаваме уште подобри услови за изучување на турскиот јазик и наставата на мајчин турски јазик. Нека е со среќа и да е за многу години, а ние заеднички да го зајакнуваме партнерството меѓу македонскиот и турскиот народ”- се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг