Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во Македонија

Рано утрово, во 5:04 часот, е регистриран земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала со епицентар во соседна Албанија, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на потресот се наоѓал на околу 158 километри југозападно од Скопје, на територија на Република Албанија.

Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван и во југозападните делови на Македонија, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС).

Нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.