Connect with us

Црна Хроника

Апсење во Скопје – приведени и Американци

Кај тројца Американци и неколку македонски државјани пронајдена дрога. 

– На 24/25.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 23-годишната Д.Џ.С. од Скопје, како и М.М.(34) од село Џепчиште, тетовско и Б.М.А.(40), З.С.Д. (46) и Г.И.С.(47), тројцата од Соединетите Американски Држави, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, информираа од полицијата.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Advertisement

Црна Хроника

Застој на автопатот Скопје–Тетово, камион се превртел кај Желино

Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.

Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.

Дополнителен проблем за возачите претставуваат временските услови. На овој патен правец има појава на густа магла, која значително ја намалува видливоста.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.

Continue Reading

Црна Хроника

Две жени нападнати во автобуси на ЈСП во Скопје

Во два одделни инциденти на 19 декември 2025 година, две жени од Скопје биле физички нападнати додека се возеле во автобуси на ЈСП.

Првиот случај се случил околу 15:00 часот во подрачјето на Гази Баба, кога А.С. (46) пријавила дека била нападната од И.С. (39) од Скопје.

Вториот инцидент се случил околу 17:20 часот во подрачјето на Драчево, кога С.Ј. (55) била нападната од непознато женско лице додека се качувала во автобус.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Continue Reading

Црна Хроника

НОЌНА АКЦИЈА ВО ТЕТОВО – МВР со детали

policija

На 19.12.2025 година во времето од 22:10 до 23:55 часот полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен инспекторат за труд, Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, извршиле акциска контрола во угостителски објекти во подрачјето на СВР Тетово. При тоа во угостителски објект во Тетово на ул.,,Јован Ончески” каде како управители  се пријавиле И.С.(23) и М.Ј.(22), двајцата од с.Брвеница, биле затекнати шест малолетни лица, кои биле послужени со алкохолни пијалоци. Малолетниците се предадени на нивните родители и против сопствениците ќе следува соодветен поднесок во врска со сторено кривично дело „точење алкохол на малоетници“ согласно член 204 од КЗ на РСМ, додека од страна на другите органи биле преземени мерки и активности од нивна надлежност.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг