Connect with us

Црна Хроника

Крмзов осомничен за измама тешка 90 милиони евра: УЈП откри шема за фиктивен поврат на ДДВ преку мрежа од фирми

Управата за јавни приходи (УЈП) официјално објави акт за уредно доставување на налог за контрола, со што го потврди постоењето на финансиска шема поврзана со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој веќе се наоѓа во притвор поради сомнежи за даночна измама и перење пари. Актот открива четири фирми поврзани со Крмзов, како и хронологија на пренос на сопственички удели, со крајни сопственици од Косово, во наводна шема за фиктивен поврат на ДДВ од државата.

Меѓу објавените фирми се „ММР-Компани“ од Струмица, „Винас Текстил“, „Арена Метал ЛТ“ и „Васил ВК Компани“. Во сите случаи, сопственичките удели се префрлале од лица блиски до Крмзов на косовски државјани преку фирми регистрирани во Скопје. Податоците укажуваат на ненадеен раст на приходите на овие фирми во изминатите години, што алудира на повлекување фиктивен поврат на ДДВ.

Крмзов, кој од почетокот на месецов се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“, е осомничен за тешки финансиски злоупотреби. Кривичниот суд му изрече мерка притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски информираше дека Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција води постапка против 23 физички и 15 правни лица. Обвинителката Верица Бержецка Крстева нагласи дека шемата вклучувала фиктивни договори, манипулации со поврат на ДДВ и продажба на недвижности по нереални цени – сите во сопственост на Крмзов и лоцирани во Струмица.

Осомничени се и сметководители, управители на правни лица, но и инспектори на УЈП. Истрагата, како што најави обвинителството, може да се прошири со нови лица и подолг временски период. Според првичните проценки, државата е оштетена за околу 90 милиони евра.

Извор: Faktor.mk

Advertisement

Црна Хроника

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) – за кривично дело „трговија со дете“ (418-г ст.1 и ст.2), против лицата И.Д.(56), А.С.(30) и Л.С.(28) за сторено кривично дело – „трговија со дете“ (418-г ст.3) и против лицето – Р.М.(31) за кривично дело – „полов напад и силување“ ( 186 , ст.1 и ст.2) од КЗ на РСМ.

Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до крајот на 2024 година, доведувајќи го во заблуда – детето жртва – тогаш на 15 годишна возраст, дека ќе започнат љубовна врска, преку сериозна закана и уцена ја принудил жртвата на користење на опојни дроги и на сексуална експлоатација. Притоа, со цел стекнување на противправна имотна корист Ф.М., по претходен договор со пријавените И.Д., А.С. и Л.С. како и со инволвирање на други непознати лица, овозможил вршење на полови дејствија врз детето жртва од нивна страна, а на повеќе локации на подрачје на Тетово. Петопријавениот Р.М. по претходен договор со Ф.М. како лице задолжено за безбедноста на детето, ја искористил неговата улога и присилно, спротивно на волјата на детето извршил полов однос врз истото.

Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на четири локации на подрачјето на Тетово извршени се претреси во дом и други простории при што се пронајдени и привремено одземени мобилни телефонски апарати, СИМ картички и лишени се од слобода кривично пријавените пет лица.

Continue Reading

Црна Хроника

Ужас во Тетово – Обвинителството бара притвор за пет лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе при МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица.

„Првоосомничениот од есента 2023 година до крајот на 2024 година, во Тетово, откако започнал емотивна врска со тогаш петнаесетгодишната жртва, ја злоупотребил положбата на љубовен партнер и континуирано манипулирајќи со неа и искористувајќи ја довербата што жртвата му ја укажала, ја довел во состојба на зависност. Користејќи различни форми на принуда ѝ овозможил на жртвата да конзумира психотропни супстанции, со што ја доведувал во состојба на физичка или ментална неспособност воспоставувајќи контрола врз неа. Лишувајќи ја од способност самостојно да донесува одлуки го вовлекол детето-жртва во состојба на сексуална експлоатација. Заради остварување имотна корист, ја подведувал жртвата да дава сексуални услуги, а на останатите осомничени и други неидентификувани лица им овозможил да користат сексуални услуги од детето – жртва, кои иако знаеле и биле должни и можеле да знаат дека е жртва на трговија со луѓе, сепак ги користеле сексуалните услуги и му плаќале на осомничениот директно или преку детето – жртва“, велат од Обвинителството.

Ценејќи ги околностите, јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите за определување на мерка притвор и на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи истата да им ја определи на сите петмина осомничени.

Continue Reading

Црна Хроника

Лажна сообраќајна несреќа во Тетово – Поднесени кривични пријави

policija tetovo

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б. (44), М.А. (39) и Г.Ш. (25), сите од Тетово, поради сомнение за кривично дело измама.

На 16 декември 2024 година, тројцата се обиделе со лажно прикажување на настан да измамат полицајци од сообраќајната полиција. Тие во круг на автоперална на ул. „Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата – „БМВ“ со швајцарски и „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки – со цел да наплатат осигурување од осигурително друштво.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг