Connect with us

Македонија

Став на Богојески: Радев призна постоење на над 2 милиони Македонци во Бугарија – време е за обединување!

ТЕЗАТА на бугарскиот претседател Радев, дека постоењето на вековен македонски јазик и идентитет е навредливо за над 2 милиони Македонци во Бугарија и останати етнички заедници во Македонија, колку е налудничава, толку е точна!

Прво претседателот Радев да си гледа сопствениот двор и етничките заедници во Бугарија, вклучително и македонската, а да не се грижи за нашите. Ние сме најдемократска држава во таа смисла.

Второ, конечно и официјално признава постоење на над 2 милиони Македонци во Бугарија. Сите знаеме дека се повеќе, но со оглед дека половина се отселени во Шпанија, нема да спориме по тоа прашање.

НАЈВАЖНО, да се договориме дека Македонците од Македонија и тие од Бугарија сме еден народ. Дека говориме еден јазик, кој низ вековите добил различни контекси и уникатен развој… исто како што Турците од двете земји се еден народ, Ромите исто така и сл. Тоа значи да прифатиме дека имаме споделени етнички заедници!

Следно е да ги прашаме Турците, Ромите, Србите, Власите… дали ги навредува постоењето на Македонците? Сигурен сум дека одговорот ќе биде НЕ!
До тука сме на чисто!

На крај, ќе го отвориме најболното прашање, зошто Македонците сме толку многу поделени помеѓу себе, за ист народ од две држави до тој степен да се негира и мрази помеѓу себе?!?
Ќе дојдеме до дефиницијата на етносите и нациите… и ќе оставиме на крај, меѓународнито право тоа да го регулира. Односно правото на себеидентификација на секој поединец!
Може да се случи, во двете земји, еден брат да биде Македонец, другиот Бугарин… или таткото Македонец, синот Бугарин и обратно… но тоа во модерна смисла на поимање на нациите. Ништо страшно за Европа! Па и светот! Така проблемот ќе се затвори! Ќе престане омразата помеѓу Македонците. А вечна ќе биде дискусијата, што е постаро, јајцето или кокошката!

Бугарија треба да престане да се плаши од нас Македонците, од отварање на границите помеѓу нас и обединување на сите Македонци во обединета Европа. Тоа нужно и сега се случува, насекаде низ Европа, освен на пусти Балкан. Доволно беа стравови и страдања!
Нека се огледа на Грција! Тие веќе не се плашат од тоа! И тоа така треба да биде!

Знам дека една голема сила, мајка на Бугарија, се плаши од тоа и прави проблеми. Но ако ние Македонците се договориме помеѓу себе, таа земја ќе нема можност сеуште да не дели!

Некни во Стразбур, во зградата на ЕУ Парламентот, се сретнавме неколку Македонци на едно место… некои од Македонија, некои од Бугарија… едвај зборнавме помеѓу нас, на чист македонски јазик. Зошто така?
Едните на другите “лути душмани”! Зошто?
Едните со агенда да признаеме само македонски јазик, другите со агенда да признаеме современ македонски јазик. А сите помеѓу себе го зборуваме истиот! Нели е смешно тоа? Смешно и трагично!

Сите имаме вина! Споделена вина! Се испокаравме помеѓу себе! Во ред, доволно беше!
ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Advertisement

Македонија

УХМР најавува снег – еве кога започнуваат врнежите!

Според најновите информации од УХМР, денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со слаба до умерена облачност, а во одделни котлини ќе се појави магла. Ќе дува слаб северозападен ветер, а дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно и мирно време, со магла во одредени делови од денот. Температурата ќе достигне околу 6 степени, а ветерот ќе биде слаб, околу 1 метар во секунда.

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност.

Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките и планинските предели врнежите ќе бидат од снег.

Continue Reading

Македонија

Д-р Чибишев со апел до родителите: Надворешни активности се опасни за децата при висок степен на загадување

Доктор Андон Чибишев преку социјалните мрежи предупреди на сериозните ризици за здравјето на децата во услови на екстремно загаден воздух. Тој истакна дека денеска, предпладне, додека поминувал покрај улицата „Илинденска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, забележал група деца на возраст од околу 7 до 10 години како трчаат и тренираат на фудбалско игралиште.

„Физичкиот напор го зголемува интензитетот на дишењето, што значи и поголемо внесување на штетни и отровни гасови од амбиенталниот воздух. Не можам да разберам зошто на ваков ден, кога загадувањето е екстремно, децата би се изложувале на таков ризик“, изјави д-р Чибишев.

Тој апелираше до организаторите на активности и тренинзи да покажат одговорност и да ги одложат настаните со цел да се заштити здравјето на најмладите.

Апелот доаѓа во момент кога Скопје повторно се соочува со високо ниво на аерозагадување, а здравствените работници постојано предупредуваат на зголемени ризици, особено кај децата, хронично болните и постарите лица.

Continue Reading

Македонија

Конгрес на ДУИ: Ахмети со нови барања

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Петтиот конгрес на партијата денеска изнесе сет клучни политички барања што, според него, треба да ја гарантираат стабилноста и функционалноста на државата. Во фокусот се избор на Влада со двојно мнозинство, уставни измени поврзани со одлучувањето во Уставниот суд и целосен ветинг на сите јавни функционери во последните три децении, под меѓународен надзор.

Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на т.н. „извршен Бадентер“, според кој секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од мнозинството пратеници во Собранието, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници.

Тој истакна дека унитарната држава може да биде стабилна само доколку се темели на доверба и лојалност меѓу сите заедници, нагласувајќи дека двојното мнозинство е механизам што обезбедува инклузивност и политичка рамнотежа.

Во делот на судството, Ахмети предложи законите донесени со Бадентеров принцип во Собранието да не можат да бидат поништени од Уставниот суд без истото двојно мнозинство меѓу уставните судии. Според него, потребни се уставно-правни измени со кои одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници ќе се носат само со заемна согласност.

Покрај уставните промени, лидерот на ДУИ инсистираше и на темелно „прочистување“ на политичката сцена. Тој побара целосен ветинг за сите носители на јавни функции во изминатите 34 години, вклучувајќи проверка на потеклото на имотот и процесите на приватизација, со јасен меѓународен надзор.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг