Connect with us

Економија

ЕУ со план за заеднички резерви на ретки метали – Македонија сè уште без јасна насока

Европската Унија најави создавање на заеднички резерви на ретки метали како бакар, литиум, кобалт и никел, клучни за зелената транзиција, одбраната и индустријата. Еврокомесарот за индустриска стратегија, Стефан Сежурн, повика на мерки за заштита од зависност од Кина и објави нови тендери за алтернативни извори на суровини.

Во јули ќе биде лансирана и „Платформата на ЕУ за енергија и критични минерали“, со цел поедноставување на снабдувањето со стратешки суровини. Истовремено, Комисијата одобри 47 стратешки рударски проекти внатре во ЕУ, со забрзани дозволи и финансиска поддршка.

Иако Македонија има значителни резерви на бакар, особено кај „Иловица – Штука“ и „Казандол“, проектите за експлоатација со години стојат во место. Според експертите, земјава има голем потенцијал, но рударството учествува сè помалку во индустриското производство.

На енергетскиот форум МЕФ 2025 во Скопје, вицепремиерот Изет Меџити и министерот за европски прашања Орхан Муртезани порачаа дека Македонија мора да инвестира во зелена транзиција и енергетска независност. Во тек е изработка на нов Закон за рударство и Стратегија за минерални суровини, која ја координира МАНУ.

И додека Брисел брза со изградба на стратешки резерви, Македонија останува без конкретна акција за искористување на своите минерални ресурси.

Advertisement

Економија

ИНТЕРВЈУ НА ФАКТОР СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

Отворање на новиот, модерен ЏАМБО маркет во рамките на новоотворениот „Gevgelija Mall“ ја позиционира Гевгелија на мапата на современи шопинг дестинации во регионот.  За значењето на оваа инвестиција, уникатниот концепт кој комбинира семејно искуство и практичност, како и идните планови, разговараме со Петар Денковски, генерален директор на ВЕРО и Џамбо маркетите во Македонија.

Господине Денковски, деновиве Гевгелија е во фокусот на јавноста со отворањето на новиот современ трговски објект, каде е сместен и новиот Џамбо маркет. Што претставува ова отворање за компанијата и како се вклопува во вашата долгорочна стратегија?

Ова е навистина значаен момент за нас, бидејќи пишуваме ново поглавје во нашата деловна приказна. Оваа инвестиција доаѓа како природен и логичен след на исклучително успешните приказни кои компанијата веќе ги изгради во Скопје, Тетово, Куманово и Битола. Со маркетот во Гевгелија, не само што го реализираме ветеното пред македонските потрошувачи за континуирано проширување на модерната продажна мрежа низ целата територија, туку и јасно ја потврдуваме својата цврста позиција на сериозен странски инвеститор. Овој стратешки потег е најава за наше многу посилно присуство во југоисточниот регион, каде наскоро планираме да стартуваме и со други инвестиции. Ние цврсто веруваме во потенцијалот на домашниот пазар и преку вакви капитални проекти активно вложуваме во неговиот напредок, правејќи ги нашите долгорочни стратешки планови реалност.

За нас Гевгелија не е само локален центар, таа е економска порта на државата. Нашите планови се вклопија во визијата на инвеститорот на трговскиот центар, затоа што анализите покажаа дека на овој регион му недостасуваше токму ваков тип на организирано шопинг искуство. Влеговме во инвестицијата со двојна цел, првенствено да им понудиме на гевгеличани модерно шопинг искуство, но и да го искористиме потенцијалот на прекуграничната соработка. Очекуваме овој објект да биде привлече локални купувачи во овој регион, посетители од соседна Грција, кои се традиционално лојални на брендот Џамбо, но патниците кои транзитираат низ коридорот 10. Со ова, Џамбо во Гевгелија станува повеќе од продавница – станува регионален шопинг хаб.

Целото интервју може да го прочитате на faktor.mk

Continue Reading

Економија

Божиновска: Интеграцијата во регионалните енергетски пазари е стратешки приоритет

Енергетската политика на Македонија се гради системски, врз основа на закони, институционални решенија и меѓународна соработка, порача министерката за енергетика Сања Божиновска по состанокот на Енергетската заедница.

Како што информираше таа, на состанокот била презентирана актуелната позиција на државата во енергетскиот сектор, со посебен акцент на новиот Закон за енергетика, кој овозможува поголемо усогласување со европскиот пазар на електрична енергија. Дополнително, засилена е рамката за енергетска ефикасност и дефиниран е јасен курс кон интеграција во регионалните и европските енергетски пазари.

Божиновска соопшти дека ревидираниот Национален енергетски и климатски план за периодот 2025–2030 година е во финална фаза на подготовка. Воедно, МЕПСО веќе е приклучено кон Заедничката аукциска канцеларија (JAO), а во 2026 година државата ќе номинира преносен проект за листата на проекти од заеднички интерес (PECI/PMI).

Во делот на енергетската инфраструктура, министерката истакна дека започната е реализацијата на гасниот интерконектор со Грција, додека со Србија се интензивираат активностите за изградба на нов интерконектор.

„Станува збор за енергетска политика со јасна визија, заснована на европски стандарди и институционална одговорност“, нагласи Божиновска.

Continue Reading

Економија

Триглав Осигурување организираше инспиративна средба со Светислав Пешиќ

Триглав Осигурување на 15-ти декември, 2025г. во кафе „Литература“ организираше настан со панел-дискусија и промоција на книгата „Моја игра, мој пут – Живот тренера није бајка“ од Светислав Пешиќ, еден од најуспешните и најценетите кошаркарски тренери на денешницата.

Настанот предизвика голем интерес кај деловната и медиумската заедница, нудејќи ретка можност за директна средба и разговор со говорник, чие искуство и животна филозофија се подеднакво применливи во спортот, деловниот свет и секојдневниот живот. Преку лични примери и размислувања, Пешиќ зборуваше за предизвиците на лидерството, значењето на дисциплината, стратегијата, континуираното учење и потребата од рамнотежа помеѓу самодовербата и скромноста.

„Во спортот успехот не лежи во тоа да го работиш само она што го сакаш, туку да го сакаш тоа што го работиш. Животот се менува и јас учам да се менувам. Треба да знаеш како да учиш и да бидеш скромен, да прифатиш дека некој нешто прави подобро од тебе. Тоа не е едноставно, но е најдобриот пат до успехот“, истакнува г. Пешиќ во својата книга, нагласувајќи дека токму таа рамнотежа е клучна и за долгорочни резултати.

Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Војновиќ, го претстави Светислав Пешиќ, истакнувајќи ги неговите исклучителни професионални достигнувања, како и значењето и привилегијата Триглав Осигурување да биде домаќин на ваков настан, кој што има поширока општествена релевантност.

„Имавме можност да поминеме навистина драгоцено време со светски реномираниот тренер Светислав „Кари“ Пешиќ, кој на исклучително автентичен начин ги сподели своите долгогодишни искуства, кои што лесно и директно можат да се применат во деловен контекст. Токму од таа причина ја организиравме и оваа панел-дискусија. Цврсто верувам дека принципите на комуникација, дисциплина, колектив, тимска игра и почитување на конкуренцијата, длабоко втемелени во спортот, се неразделно поврзани и со секојдневниот деловен живот. Да се слушнат неговите пораки беше вистинско уживање и моќна инспирација“, истакна г. Војновиќ.

Панел-дискусијата ја водеше Љубомир Николовски, долгогодишен реномиран познавач на спортот, кој со внимателно насочени прашања овозможи динамичен и суштински разговор, близок и разбирлив за публиката од различни професионални профили.

Со организацијата на овој настан, Триглав Осигурување уште еднаш ја потврди својата посветеност кон создавање платформи за размена на знаење, инспирација и вредности, кои ја надминуваат рамката на една индустрија. Компанијата овозможи деловната заедница во земјата да слушне исклучителен говорник, чии искуства и пораки нудат практични насоки за личен и професионален развој, за носење одлуки, градење тимови и одржлив успех.

Настанот испрати јасна порака дека принципите на успехот – без разлика дали во спортот, бизнисот или животот – се универзални кога се темелат на работа, визија, учење и вистински вредности.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг