Connect with us

Црна Хроника

Малолетник избоде врсник среде Скопје – расправијата заврши со тешки повреди!

Скопје, 27 јуни – Сериозен инцидент го потресе главниот град откако 16-годишник од Скопје се соочи со кривична пријава за „тешка телесна повреда“, откако на 2 јуни на булеварот „Партизански одреди“ со остар предмет нападнал 17-годишно момче и му нанел убодни рани.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил по вербална расправија меѓу двете момчиња, која ескалирала во насилен напад со опасен предмет. Повредениот веднаш бил пренесен во болница, а против напаѓачот е поднесена кривична пријава од страна на СВР Скопје.

Advertisement

Црна Хроника

Уапсен грчки државјанин на Табановце – МВР со детали

Вчера околу 14:10 часот на граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(28) од Грција. 

При преглед во возило „хјундаи“ со грчки национални ознаки, во кое се превезувал како сопатник, во неговиот личен багаж се пронајдени и одземени некоку пакувања со марихуана. 

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Ресторан на забранета локација – кривична пријава за екс-градоначалникот на Пробиштип

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица на возраст од 61, 53 и 44 години, поврзана со издавање одобрение за градење угостителски објект – ресторан, во текот на 2023 година.

Истражувањето покажува дека двајцата вработени во Одделението за урбанизам во Општина Пробиштип не го одбиле барањето, и покрај негативното мислење од Електродистрибуција ДООЕЛ – КЕЦ Кочани. Во мислењето било наведено дека објектот не може да се приклучи на електродистрибутивната мрежа, бидејќи се наоѓа во близина на постоечки електроенергетски објект, што е спротивно на Законот за енергетика.

Сепак, одобрението за градење било потпишано од тогашниот градоначалник, овозможувајќи на инвеститорите да изградат ресторан на парцели кои не се наменети за таква градба.

Полицијата соопшти дека со овие постапки биле прекршени законските прописи, а по целосното документирање на случајот, кривичната пријава е доставена до надлежното обвинителство.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) – за кривично дело „трговија со дете“ (418-г ст.1 и ст.2), против лицата И.Д.(56), А.С.(30) и Л.С.(28) за сторено кривично дело – „трговија со дете“ (418-г ст.3) и против лицето – Р.М.(31) за кривично дело – „полов напад и силување“ ( 186 , ст.1 и ст.2) од КЗ на РСМ.

Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до крајот на 2024 година, доведувајќи го во заблуда – детето жртва – тогаш на 15 годишна возраст, дека ќе започнат љубовна врска, преку сериозна закана и уцена ја принудил жртвата на користење на опојни дроги и на сексуална експлоатација. Притоа, со цел стекнување на противправна имотна корист Ф.М., по претходен договор со пријавените И.Д., А.С. и Л.С. како и со инволвирање на други непознати лица, овозможил вршење на полови дејствија врз детето жртва од нивна страна, а на повеќе локации на подрачје на Тетово. Петопријавениот Р.М. по претходен договор со Ф.М. како лице задолжено за безбедноста на детето, ја искористил неговата улога и присилно, спротивно на волјата на детето извршил полов однос врз истото.

Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на четири локации на подрачјето на Тетово извршени се претреси во дом и други простории при што се пронајдени и привремено одземени мобилни телефонски апарати, СИМ картички и лишени се од слобода кривично пријавените пет лица.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг