Изгоревте од сонце? Овој трик може да ви помогне за само половина час

Овој трик може да ви помогне за само половина час

Изложувањето на сонце без соодветна заштита може да резултира со сериозни изгореници на кожата – нешто што Синди Ален-Стјуарт го почувствувала на сопствена кожа по еден ден поминат на плажа.

Иако нанела заштитна крема, нејзината чувствителна кожа не ја издржала сончевата експозиција – грбот ѝ бил силно црвен и воспален, пренесува британскиот весник The Sun.

Во потрага по олеснување, Синди добила необичен, но ефикасен совет од својата свекрва: нанесете пена за бричење на изгорените места и оставете ја да делува 30 минути.

„Пената ќе почне да ја извлекува топлината од кожата. Не грижете се ако кожата почне да ве чеша – тоа е знак дека ментолот од пената почнува да делува. Кога ќе почувствувате ладно на изгореното место, тоа е добар знак. Ментолот ја лади кожата и ја намалува температурата“, објави Синди на социјалните мрежи.

Иако во почетокот била скептична, забележала значително подобрување. Таа препорачува постапката да се повтори и следниот ден доколку изгорениците не исчезнат.

Сепак, стручњаците предупредуваат дека оваа метода не смее да се користи како замена за крема со заштитен фактор. Заштитата од УВ-зраци останува неопходна при секое изложување на сонце.