Connect with us

Свет

Подготовка за воздушен пекол: Украина ги откри своите планови за војната со Русија

Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, најави дека Киев донел одлука значително да го зголеми бројот на напади со дронови со долг дострел на територијата на Русија.

Според него, во подготовка е нов договор за набавка на десетици илјади дронови наменети за операции на т.н. „длабоки удари“.

„Веќе подготвуваме голем договор за зголемен интензитет на ударите. Секојдневно се реализираат борбени мисии според однапред утврден план“, изјави Умеров за Kyiv Post.

Овие дронови, според министерот, се насочени кон критични цели длабоко зад руските линии. Украина во меѓувреме развива и имплементира нови технолошки решенија за подобрување на ефикасноста на воздушната одбрана, вклучувајќи дронови-пресретнувачи и други системи чии детали не се откриваат од безбедносни причини.

Од друга страна, Русија ги интензивира комбинираните напади, користејќи стотици „Шахед“ дронови, заедно со балистички и крстосувачки ракети – со цел да ја исцрпи украинската ПВО и да изврши психолошки притисок. Но, според Умеров, украинските одбранбени сили успешно се адаптираат, вклучувајќи нови тактики и технолошки иновации.

До крајот на 2025 година, украинската армија ќе располага со над четири милиони дронови, од кои 1,5 милиони веќе се испорачани на фронтот. Украинската индустрија за дронови веќе има годишен капацитет што овозможува производство на над четири милиони летала, што, според Умеров, е пресудно за модерното војување.

„Ако замениме дури и 1% од потребите за човечка сила со дронови, тоа е огромен успех. А веќе постигнуваме многу повеќе“, нагласува министерот.

Advertisement

Свет

Либија завиена во црно: Началникот на генералштаб загина во авионска несреќа кај Анкара

Началникот на Генералштабот на либиската армија, Мохамед Ал Хадад, и членовите на неговата придружба загинаа во авионска несреќа што се случи кратко по полетувањето од аеродромот Есенбог во Анкара.

Информацијата ја потврди премиерот на либиската Влада на национално единство, Абделхамид Дбеибах, кој соопшти дека властите се информирани за смртта на Ал Хадад и лицата кои патувале со него.

Според турските медиуми, авионот се урнал на околу два километри од селото Кесикавак, во округот Хајмана. Турскиот министер за правда, Јилмаз Тунч, соопшти дека е отворена истрага за причините за несреќата.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, претходно изјави дека контактот со приватниот авион бил изгубен кратко по полетувањето. Тој наведе дека авионот од типот „Фалкон 50“, со регистрација 9H-DFJ, полетал во 20:10 часот на лет за Триполи, а радарскиот контакт бил изгубен во 20:52 часот по локално време.

Според неговите зборови, од авионот била испратена порака за итно слетување во близина на Хајмана, но по тоа комуникацијата целосно прекинала.

Continue Reading

Свет

Зеленски ја откри стратегијата за крај на војната: 20 клучни точки од Основниот документ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес го објави нацрт-документот со 20 точки за завршување на војната, кој го нарече „рамка“ или основен политички документ меѓу Украина, САД, Европа и Русија. Зеленски истакна дека документот во голем дел ја одразува заедничката визија на Украина и САД, но дека се уште се дискутираат неколку клучни прашања, особено за териториите во Доњецк и управувањето со Запорожската нуклеарна електрана.

„Во повеќето точки веќе сме значително приближени и постигнат е консензус, но за некои прашања треба дополнително усогласување“, рече Зеленски.

Документот предвидува:

  • Потврда на суверенитетот на Украина и целосен, безусловен договор за ненапаѓање со Русија, под мониторинг на линии на контакт и со системи за рано предупредување.

  • Обезбедување силни безбедносни гаранции од САД, НАТО и европските држави, со јасно дефинирани услови за нивно активирање во случај на напад од Русија.

  • Ограничување на украинската војска на 800.000 војници во мирновременски услови.

  • Поддршка за пристапување на Украина во ЕУ и привремен повластен пристап до европскиот пазар.

  • Голем економски пакет за развој и обнова на Украина, со инвестиции од САД, Европа и меѓународни институции, вклучително фонд од 800 милијарди долари за реконструкција и хуманитарни потреби.

  • Заедничко управување со Запорожската нуклеарна електрана, како и обврска Украина да остане ненуклеарна држава.

  • Теренско уредување на региони во источна Украина, со можност за слободна економска зона во Донбас и надзор од меѓународни сили.

  • Формирање хуманитарен комитет за размена на воени заробеници и ослободување на цивилни заложници.

  • Организација на претседателски, парламентарни и локални избори веднаш по потпишувањето на договорот.

  • Правно обврзувачки договор со Совет за мир, кој ќе го гарантира американскиот претседател Доналд Трамп, а ќе учествуваат Украина, Европа, НАТО, Русија и САД.

Зеленски додаде дека одговор од руската страна се очекува на 24 декември, по разговорите со САД, и дека следуваат средби на највисоко ниво за да се решат чувствителните прашања околу териториите.

Паралелно, Украина и САД подготвиле и други документи: мултилатерална рамка за безбедносни гаранции и „Патоказ за просперитет“ – план за економска обнова и развој, со механизми за мониторинг и одговор на евентуална нова агресија од Русија.

Continue Reading

Свет

Дубаи гради 93 км климатизирани тунели за велосипедисти

dubai

Во обид да ја промени урбаната мобилност, Дубаи започна амбициозен проект: 93 километри климатизирани тунели наменети исклучиво за велосипедисти. Овие подземни патеки ќе овозможат возење во секое време од годината, без разлика на екстремната летна жештина, поврзувајќи ги домот, работното место и клучните градски услуги на безбеден и удобен начин.

Но, проектот не е само за транспорт. Покрај трасите ќе никнат зелени зони и простори за одмор, создавајќи пријателска околина за велосипедистите и поддржувајќи активен и здрав животен стил. Целата инфраструктура ќе се напојува со обновлива енергија, како дел од пошироката стратегија на градот за одржлива и климатски отпорна урбана иднина.

Со овој проект, Дубаи не само што гради велосипедски патеки – градот гради нов начин на живеење, каде транспортот е чист, ефикасен и достапен за сите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг