Connect with us

Економија

Божиновска: Македонија ја гради новата енергетска мапа на Балканот – Поврзување со регионот е новата сила на македонската енергетика

 Македонија влегува во клучна фаза на трансформација на енергетскиот систем: земјата не само што вложува во стабилноста и модернизацијата на сопствената мрежа, туку стана активен играч во регионалното поврзување и енергетската интеграција. Со новите интерконектори, стратешките трансформаторски станици и инвестициите во паметна енергетска инфраструктура, државата го поставува курсот кон енергетска независност и улога на регионален енергетски коридор. 

 

Во следните денови официјално започнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција – капитален проект кој носи двоен бенефит: сигурност на снабдувањето и можност за транзит кон трети земји. Интерконекторот е долг 68 километри, ќе пренесува не само природен гас, туку и водород, остварена e заштеда од 12 милиони евра и ќе биде изграден од македонска компанија – директна корист за домашната економија.

 

Во меѓувреме, Македонија и Србија направија значаен исчекор кон ново енергетско поврзување – минатата недела се потпиша Меморандум за соработка меѓу НОМАГАС и Србијагас за изградба на интерконектор меѓу Клечовце и Врање, со вкупна должина од 70 километри, од кои 23 километри ќе бидат на македонска територија. Во рамки на проектот ќе се изградат и мерни станици од двете страни на границата. Студиите за изводливост и за влијание врз животната средина се веќе во тек, со поддршка од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

 

Преку овие две стратешки поврзувања, Македонија се позиционира како нова транзитна точка за природен гас на релација Југ – Север, односно од ТАП гасоводот и ЛНГ терминалот во Александруполис кон Србија и Средна Европа, со капацитет до 3 милијарди нормални метри кубни годишно. Ова е директна поддршка на енергетската диверзификација на целиот регион, со зголемена употреба на гас од различни извори.

 

Изградбата на 400/110 kV врската Охрид – Елбасан, пак, ќе го заокружи електроенергетското поврзување на Македонија со сите соседни држави – стратегиски проект за цел регион.

 

Во само една година, поставени се темелите за држава која од нето-увозник ќе стане нето-извозник на електрична енергија. Се гради независен и модерен систем кој не зависи од една рута, еден снабдувач или еден енергетски извор.

 

„ Ова е новата сила на македонската енергетика. Со регионалните интерконектори, Македонија веќе не е само краен потрошувач – станува активен учесник во преносот и стабилноста на енергетиката во Југоисточна Европа. Ова е патот кон сигурна енергија, економска отпорност и стратешка позиција на енергетската карта на Балканот.Македонија ја гради новата енергетска мапа на Балканот.“, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. 

 

Планови за когенеративни енергетски капацитети – ефикасност, локално производство и нова енергија за градовите

 

Во фокусот на енергетската транзиција е и изградбата на нови когенеративни централи – капацитети кои истовремено произведуваат електрична и топлинска енергија, со висока ефикасност и значително пониска емисија на штетни гасови. Министерството за енергетика веќе работи на планови за развој на вакви постројки во неколку урбани центри, со цел обезбедување локално и сигурно снабдување, особено во системите за централно греење.

 

Когенеративните постројки се планираат како современи, еколошки објекти што ќе ги заменат старите и неефикасни капацитети, а воедно ќе ја зголемат стабилноста на националниот систем. Овие централи се предвидени да работат со флексибилно гориво – со можност за премин кон биогорива или водород во следната фаза од транзицијата.

 

Преку овие инвестиции, Македонија ќе добие поконкурентен модел на производство, ќе ги намали загубите во системот и ќе овозможи подобар квалитет на живот за граѓаните, особено во урбаните средини со висок енергетски конзум. Се работи за уште еден чекор кон модерен, одржлив и децентрализиран енергетски систем.

Економија

Странски „хај-тек“ инвестиции од Германија и Турција: 80 милиони евра и илјада нови работни места

Македонската економија влегува во нова фаза на развој со најавата за две значајни странски инвестиции во областа на високата технологија. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека германска и турска компанија ќе инвестираат околу 80 милиони евра, носејќи свеж капитал надвор од досега доминантната автомобилска индустрија.

Според најавите, двата проекта ќе имаат силен извозен карактер и значајна додадена вредност. Се очекува годишен извоз од над 200 милиони евра, како и отворање на приближно 1.000 нови работни места, главно во сегментот на високо квалификуван кадар.

Мицкоски истакна дека ваквите инвестиции го потврдуваат стратешкото насочување на државата кон високо-технолошки индустрии, со цел диверзификација на економијата и намалување на зависноста од еден сектор. Тој изрази оптимизам дека до крајот на годината ќе следат уште нови странски вложувања.

Најавените проекти се оценуваат како јасен сигнал за подобрена инвестициска клима и дел од пошироките напори за привлекување современи технологии, повисоки плати и одржлив економски раст.

Continue Reading

Економија

Димитриеска – Кочоска: 97 милиони евра за клучни енергетски проекти

Денеска беа потпишани договори за државна гаранција и заеми во вкупна вредност од 97 милиони евра, со кои ќе се реализираат стратешки енергетски проекти што значително ќе ја променат енергетската слика на државата.

Министерството за финансии, преку издавање државна гаранција, овозможи финансирање од 87 милиони евра за проектот „Фотонапонска електроцентрала Битола 3“. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КфВ, а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Дополнително, обезбедени се и 10 милиони евра за ревитализација на хидроелектраните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изрази благодарност до меѓународните финансиски институции за континуираната поддршка, како и до тимот на АД ЕСМ за нивната посветеност во реализацијата на проектите.

Според неа, овие капитални инвестиции ќе придонесат за зајакнување на домашното производство на електрична енергија, ќе обезбедат посигурно и постабилно снабдување и ќе дадат силен поттик за економска стабилност и одржлив развој на државата.

Continue Reading

Економија

Божиновска: Нема енергетска криза, државата има резерви од мазут!

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно резерви на мазут за да ги покрие потребите.

Барањето за кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница, но Божиновска нагласи дека тоа е технички чекор за да се активираат државните резерви. Причина за ова е триесетдневната неможност за редовна набавка на мазут од Грција поради тамошните протести.

„Нема да има никаква криза. Постои мазут во државата – ако не го земат од Грција, ЕСМ ќе го земе од државните резерви. За граѓаните ова нема да значи апсолутно ништо“, истакна министерката.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг