Connect with us

Култура

Вонземната Ана Дурловски и македонските филхармоничари блеснаа во Солун

Во преполната сала во Солун се одржа вториот концерт од соработката меѓу Македонската, Софиската филхармонија и Државниот оркестар од Солун. Под диригентската палка на Михалис Иконому, на сцената настапија околу 200 уметници – оркестар, хорови и солисти, кои ја изведоа моќната кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Концертот беше проследен со стоечки овации, а на бис се изведе „О фортуна“.

Нашата сопранистка Ана Дурловски беше вистинска ѕвезда на вечерта – „вонземна“, како што изјави виолинистот и концерт-мајстор Владимир Костов, кој изрази надеж дека оваа културна соработка ќе продолжи и ќе го видиме концертот и во Скопје. На сцената настапија и бугарскиот баритон Иво Јорданов и грчкиот контратенор Николас Спанос.

„Сонуваме за свет со повеќе инструменти, а помалку оружје“, рече Симос Папанас, директорот на солунскиот оркестар, испраќајќи силна порака на почетокот на настанот.

Проф. Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик, која присуствуваше на концертот, напиша: „Каков раскош среде Солун! Само музиката може да гради пријателства што политиката не може.“

Оваа изведба е втора по премиерата во Софија во февруари. Според Македонската филхармонија, главен „виновник“ за оваа уметничка синергија е маестро Најден Тодоров, кој долго ја негувал идејата за обединување на трите оркестри.

„Кармина Бурана“, со својата силна оркестрација, древни текстови и ритмичка експлозивност, е едно од највлијателните музички дела на 20 век. Компонирана од Карл Орф, инспирирана од средновековната антологија „Codex Buranus“, кантатата ја слави радоста, страста и минливоста на животот – и денес, со истата моќ, ги освојува срцата на публиката.

Advertisement

Култура

Излезе од печат првата разгледница со народни носии на Македонците од Албанија (ФОТО)

Излезе од печат првата разгледница „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“,има 12 фотографии од традиционалните македонски носии од Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник – Билишта, селата Крчишта и Ербеле – Поле – Маќелара, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник “Илинден”.

Ова издание е отпечатено со финансиска поддршка на семејство Ѓурѓај

Разгледницата со народни носии на македонско малцинство во Република Албанија, ќе се дели низ Република Албанија и претставува значаен придонес за зачувување на македонското културно наследство на македонците во Република Албанија.

Continue Reading

Култура

Македонски Декември: Празник на Душата, Музиката и Традицијата

tanec

Декември, месецот на празничната магија и исчекувањето, во Македонија неминовно се претвора и во месец на културно славење. Декемвриската програма во Скопје е богата како ретко до сега, нудејќи им на љубителите на уметноста и традицијата низа настан со кои ја завршуваме годината со стил. Македонската опера и балет (МОБ), Македонската филхармонија и арената „Борис Трајковски“ стануваат места каде што публиката ќе може да слуша македонската фолклорна музика .

Декемвриската концертна треска започнува со две дами кои ја оставиле својата трага на естрадата. На 13 декември, во Филхармонијата, својот прв солистички концерт ќе го одржи Бојана Скендеровски. По 23 години минување низ естрадната сцена и инспирацијата од проектот „Македонијо во срце те носиме“, Бојана им ветува на своите обожаватели вечер полна со изненадувања и емоции.

Само два дена подоцна, на 15 декември, Македонската Опера и Балет (МОБ) е резервирана за Елена Андоновска, волшебниот глас кој ги враќа во живот бисерите од богатиот македонски фолклор.

elena andonovska

Неизоставен дел од македонската културна сцена е Националниот ансамбл „Танец“. На 20 декември 2025 година, во 19:30 часот, во Македонската опера и балет, „Танец“ ќе го одржи својот годишен концерт под инспиративниот наслов „Ритамот на душата, бојата на традицијата“.Програмата е составена од препознатливи кореографии, традиционални ора и музички изведби кои го отсликуваат богатството и автентичноста на македонскиот фолклор. Настанот го одбележува континуитетот на Ансамблот во зачувувањето и сценската интерпретација на нашето културно наследство.

tanec

Истиот ден, позната по мини-настапи на планинските врвови, Евгенија Здравевска, односно Зарина Првасевда, го носи својот автентичен вокал во престижниот амбиент на Македонската Филхармонија.

zarina prvasevda

Средината на месецот ја одбележува и големиот јубилеј на легендата на македонската музика.

На 24 декември, МОБ повторно е во центарот на вниманието. Миле Кузмановски, познат како „Кралот без круна“, прославува импресивни 35 години на сцената. Познатиот фолк-пејач своите хитови ќе ги изведе во придружба на камерен оркестар, што ветува посебен уметнички печат и емоција на овој свечен концерт.

На 28 декември, во арената „Борис Трајковски“, на сцената ќе настапи еден од најголемите претставници на традиционалниот звук – Влатко Миладиноски. Познат како „вистинскиот глас на македонската народна песна“, ќе биде придружуван од големиот оркестар под диригентската палка на Златко Миладиноски.

Декември 2025 е месец кога Скопје дише во ритамот на квалитетната македонска музика и фолклор. Нашата редакција ви ветува прекрасна музика.

Чудо почна да се случува и во Република Македонија, затоа што концертите и настаните со македонска етно и фолкорна музика се веќе секојдневие во егејска и во пиринска Македонија. Во градовите Воден (Едеса), Лерин (Флорина), Кајлар (Птолемаида), Пазар (Јаница), Костур (Касторија), Горна Џумаја (Благоевград), Петрич, Неврокооп (Гоце Делчев), Свети Врач (Сандански) македонската музика е секојдневие.

Continue Reading

Култура

КУД ‘Орце Николов’ го слави својот 80. роденден со ревија на народни носии и креативни работилници

kud orce nikolov

КУД „Орце Николов“ ја започнува прославата на својот голем 80-годишен јубилеј со тридневен културен маратон наречен „Фолклорот низ генерации живее“, чија цел е да ја воскресне и доближи македонската традиција до секого!

Веќе вечерва (5 декември), точно во 18 часот, скопскиот трговски центар „Сити мол“ ќе се претвори во сцена за величествена ревија на македонски народни носии. Посетителите ќе имаат уникатна можност да ги видат богатствата од најразличните етнографски целини на Македонија.

Во сабота (6 декември), од 12:00 до 16:00 часот, нсамблот ги повикува сите љубители на традицијата да се дотераат во носии и да се фотографираат како дел од овој настанот „Фолклорно катче“.

Во недела (7 декември), од 12:00 часот, за деца и возрасните ќе се организираат етно-креативни работилници за изработка на традиционални украси со етно мотиви. Искусните членови на „Орце Николов“ ќе бидат ментори во цртање, боење и плетење.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг