Connect with us

Економија

4iG Групација ја зајакнува стратешката одбранбена соработка со Северна Македонија

 Јасаи Гелерт, претседател на 4iG Групацијата и Иштван Шархеѓи, извршен директор на 4iG Space and DefenceTechnologies Zrt., остварија официјална посета на Скопје, каде што се сретнаа со Александар Николоски, заменик премиер на Република Македонија и Владо Мисајловски, министер за одбрана. На средбата се разговараше за модернизацијата на Армијата на Северна Македонија, со посебен акцент на идентификување области каде што соработката во одбранбената индустрија и таргетиранитеинвестиции можат да придонесат за исполнување на оперативните барања на војската и стратешките цели на националниот одбранбен сектор.

Република Македонија, која во моментот издвојува над 2% од својот БДП за одбранбени трошоци, останува посветена на понатамошно зајакнување на своите капацитети. За време на дискусиите, страните разгледаа области во кои технолошките решенија на 4iG – особено во полето на сателитските комуникации, беспилотни воздушни системи и дигитални технологии за бојно поле – можат да придонесат кон агендата за модернизација на земјата. Врз основа на својата експертиза како во новите, така и во традиционалните одбранбени технологии, 4iG е добро позиционирана да го поддржи развојот на интегрирани, мрежно-центрирани одбранбени системи во регионот.

Овој ангажман е дел од пошироката стратегија за регионална експанзија на 4iG Групацијата. Како унгарска групација со мнозинско сопствеништво во областа на инфо-комуникациите и со сѐ поголемо присуство на Западен Балкан, 4iG ја зајакна својата позиција преку серија успешни аквизиции. Во октомври 2024 година, компанијата основа локална подружница во Северна Македонија под името OНE Mакедонија Телекомуникации. Под водство на извршниот директор Брано Ѓуровиќ и заменик извршниот директор д-р Габор Алтман, подружницата планира да учествува на претстојниот национален тендер за радиофреквенции, со цел да стане трет мобилен телекомуникациски оператор во земјата.

4iG Групацијата функционира врз три стратешки столба: интеграција на ИТ системи и решенија за претпријатија, телекомуникациски услуги и развој на инфраструктура и технологии за вселена и одбранбена индустрија. Оваа диверзифицирана понуда ѝ овозможува на Групацијата да испорачува конкурентни, интегрирани решенија за партнери од дигиталниот и безбедносниот сектор низ цела Европа.

 

За 4iG:

4iG Nyrt., со седиште во Будимпешта и во мнозинска сопственост на унгарски акционери, е една од водечките телекомуникациски и инфо-комуникациски корпорации во Унгарија и регионот на Западен Балкан. Како компанија котирана на берзата во Будимпешта, 4iG е препознатлива по свежиот и иновативен пристап. Како водечки унгарски телекомуникациски и ИТ систем интегратор, 4iG е клучен играч во дигиталната трансформација во регионот.

Како сопственик на ОНЕ Црна Гора и ОНЕ Албанија, групацијата 4iG опслужува скоро 2,2 милиони резиденцијални и 400 000 деловни корисници низ целиот Западен Балкан и е лидер на пазарот во телекомуникациските и инфо-комуникациските услуги во регионот. Како членка на O-RAN Alliance, групацијата е посветена на градење мрежи користејќи технологија од веродостојни и сигурни извори во рамките на иницијативата „Чиста мрежа“.

Со повеќе од 8000 високо квалификувани професионалци, 4iG обезбедува телекомуникациски и инфо-комуникациски услуги од највисок ранг, прилагодени на постојано променливите барања на пазарите на кои работи. Динамичната стратегија за проширување на Групацијата ја зацврсти нејзината позиција како значаен играч во телекомуникацискиот сектор и во Унгарија и на Западен Балкан.

Advertisement

Економија

Богатството на Маск е поголемо од државните буџети на повеќе од 180 држави во светот

Американскиот бизнисмен и технолошки визионер Илон Маск испиша нова историска страница, станувајќи првиот човек во светот чиј вкупен имот надмина 700 милијарди долари, покажуваат најновите финансиски проценки.


Само неколку дена откако го проби прагот од 600 милијарди долари, богатството на Маск продолжи да расте со рекордна брзина, поттикнато од значителниот раст на вредноста на неговите компании, пред сè Tesla, SpaceX, како и другите технолошки и инвестициски проекти под негово водство.


Финансиските аналитичари оценуваат дека ваков скок на личното богатство досега не е забележан во историјата, што го прави Маск уникатен феномен во глобалната економија. Неговата нето-вредност значително ги надминува богатствата на другите водечки милијардери, создавајќи јаз без преседан на врвот на светската листа на најбогати луѓе.


Растот на богатството доаѓа во период кога пазарите позитивно реагираат на новите технолошки развои, успешните лансирања и зголемените инвестиции во вештачка интелигенција, вселенски технологии и електрични возила – сектори во кои Маск има клучна улога.
И покрај рекордните бројки, економските експерти предупредуваат дека најголемиот дел од ова богатство е поврзано со пазарната вредност на компаниите и акциите, што значи дека може да варира во зависност од движењата на берзите.


Со ова достигнување, Илон Маск уште еднаш ја зацврсти својата позиција како најбогатиот човек во модерната историја, оставајќи силен печат врз глобалната економија и технолошкиот развој.

Continue Reading

Економија

Вкупен неделен промет над 68 милиони денари, без позначајни активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна вредност од 68,18 милиони денари и 15.278 тргувани хартии од вредност . Индексот МБИ10 неделата ја заврши со пад од 0,41%, на ниво од 10.091,11 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени, без позначајни промени.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 30.446.550 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 14.924.156 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 5.861.013 денари

Блок-зделки

Во текот на неделата беа реализирани четири големи блок-зделки, во вкупна вредност од 245,47 милиони денари, меѓу кои:

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 65,41 милиони денари

● Гранит АД Скопје (GRN) – 2,12 милиони денари

● Македонијатурист АД Скопје (MTUR) – 115,23 милиони денари

Топ добитници

● Реплек АД Скопје (RPK) +0,93%

● Макстил АД Скопје (MST) +2,34%

● ВВ Тиквеш АД Кавадарци (VVK) +0,03%

Топ губитници

● Гранит АД Скопје (GRN) –2,82%

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) –1,15%

● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,52%

Обврзнички пазар

Во текот на неделата беа реализирани три трансакции со државни обврзници од сериите „Денационализација 16“, „Денационализација 19“ и „Денационализација 23“, со вкупна вредност од 97.841 денар. Индексот ОМБ остана непроменет, со стабилни цени на обврзниците во опсег од 90 до 93,7 евра по обврзница.

Неделата од 15 до 19 декември 2025 година се карактеризираше со значителен обем на промет, главно поттикнат од големите блок-зделки со акциите на Комерцијална банка, Македонијатурист и Карпош. Индексот МБИ10 бележи пад од 0,41%, под влијание на корекциите кај Гранит и Комерцијална банка, додека Реплек и Макстил беа меѓу ретките добитници.

Обврзничкиот пазар остана со ограничена активност и стабилни приноси, одржувајќи ја генералната пазарна стабилност во последната целосна недела пред празничниот период.

Continue Reading

Економија

Најбарани професии во ЕУ – продажба, маркетинг и производство

Според податоците на Евростат за минатата година, најголема незадоволена побарувачка за работна сила во Европската унија имало во професиите поврзани со продажба, маркетинг и производство. Ова укажува на можни тешкотии за работодавачите при регрутирање на персонал во овие сектори.

Според експерименталната статистика, составена делумно преку податоци од онлајн огласи за работа, највисоки стапки на слободни работни места биле забележани кај работници во производство и помошни канцелариски работници, со стапка од 7,3% секое. Следуваат други работници во продажба со 6,1% и уметнички, културни и кулинарски соработници со 6%.

Дополнително, околу 5,8% од непополнетите позиции се однесувале на работници во транспорт и магацини, 5,7% на менаџери за малопродажба и големопродажба, 5,4% на агенти за бизнис и услуги, 5,2% на оператори на постројки и машини и 5% на инженерски професионалци, со исклучок на електротехничките профили.

Евростат истакнува дека иако здравствените работници и наставниците, како и други занимања во јавниот сектор, исто така може да се соочат со тешкотии при регрутирање, тие поретко се рекламираат онлајн, па затоа во податоците се рангирани пониско. Од друга страна, ИТ професиите може да бидат претставени со поголема застапеност во онлајн огласите за работа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг