Connect with us

Македонија

Импресивни резултати во борбата против дрогата: Запленети 430 килограми наркотици и над 6 тони марихуана во Македонија

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција во Владата истакна дека државата покажува решителност во справувањето со организираниот криминал и корупцијата.

„Во изминатата година разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители. Меѓу нив и брутална група вмешана во девет убиства, изнуди и напади врз полицијата,“ рече Тошковски, нагласувајќи дека институциите нема да толерираат насилство и дека државата си ја враќа силата.

Успеси во борбата против дрогата

Министерот презентираше дел од најзначајните резултати на МВР во изминатите 12 месеци.

Во рамки на акциите против трговијата со дрога, откриени се над 860 кривични дела, запленети се повеќе од 430 килограми наркотици, меѓу кои и рекордни количини кокаин, како и над 6 тони марихуана одземена од компании за канабис. Спречени се и три обиди за меѓународен шверц.

Корупција тешка 17 милијарди денари

Тошковски посочи дека се води активна борба и против корупцијата. Поднесени се кривични пријави против 107 физички и 18 правни лица, со вкупна штета за државата проценета на над 17 милијарди денари.

Корупциски случаи се откриени во сектори како здравство, енергетика и даночниот систем. „Ова покажува дека нема недопирливи и дека правдата ќе стигне до секого. Преземаме мерки за да се вратат украдените пари кај граѓаните,“ истакна министерот.

Безбедноста во сообраќајот – и натаму загрижува

Во делот на сообраќајната безбедност, Тошковски призна дека состојбата сè уште не е задоволителна.

„Иако има напредок и намалување на тешките сообраќајни несреќи, сè уште премногу луѓе ги губат животите на патиштата,“ рече тој, најавувајќи дека преку проектот „Безбеден град“, ќе се работи на подобрување на функционалноста и безбедноста во урбаните средини.

Advertisement

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг