Connect with us

Спорт

Роналдо не присуствуваше на погребот на Жота – причината го подели фудбалскиот свет, некои се налутија, додека други го подржаа

Кристијано Роналдо, најголемата ѕвезда на португалскиот фудбал, не присуствуваше на погребот на трагично починатите Диого Жота и Андре Силва, што предизвика бројни реакции во јавноста.

Според португалските медиуми, Роналдо намерно избегнал да се појави, не од негрижа, туку од почит и воздржаност. Тој сметал дека неговото присуство би можело да ја засени интимната атмосфера на церемонијата во Гондомар, каде се собраа семејствата, пријателите и фудбалската заедница.

Роналдо верувал дека јавноста и медиумите би го ставиле него во фокусот, со што би се одвлекло вниманието од загубата и болката што ја чувствува целата земја.

И покрај отсуството, Роналдо упати лична порака на сочувство до семејството на Жота, а извори блиски до него посочуваат дека бил длабоко потресен од трагичната вест.

„Тој ја избра тишината како најголем израз на почит,“ изјави еден од неговите соработници за португалските медиуми.

Advertisement

Спорт

Омерагиќ: „Седлоски е вистинскиот избор за селектор на Македонија“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека новиот селектор на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, е вистинскиот избор за оваа позиција.

„Баравме човек со ‘фајтерски’ карактер, го добивме во Седлоски, тој беше таков и на терен“, рече Омерагиќ. „Го знам како карактер, како човек и мислам дека е вистинскиот избор за селектор на репрезентацијата. Се работи за човек што многу дал на македонскиот фудбал како играч и сега како тренер.“

ФФМ со оваа одлука го означи почетокот на новата етапа во развојот на националниот тим, со надеж за добри резултати на претстојните натпревари.

Continue Reading

Спорт

Македонија на ФИФА ранг-листата: Националниот тим ја завршува 2025. година на 66. место

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши годината на 66. место на ФИФА ранг-листата, задржувајќи го истиот број бодови (1378.57) како и претходно, но со едно место пониско во однос на ноемвриското рангирање.

На врвот на светската фудбалска елита не се случија изненадувања – Шпанија ја сочува водечката позиција, пред Аргентина, Франција и Англија. Малите промени во ранкингот се должат на ограничениот број натпревари оваа сезона – само 42 меѓународни дуели беа одиграни од последната листа објавена на 19 ноември.

Португалија и натаму се држи на шестото место, Холандија на седмото, Белгија на осмото, Германија на деветтото, додека Хрватска ја зазема десеттата позиција.

Следната ажурирана ранг-листа на ФИФА ќе биде објавена на 19 јануари 2026 година, оставајќи го светот на фудбалот во неизвесност за новите движења на глобалната сцена.

Continue Reading

Спорт

Гоце Седлоски е нов селектор на македонската репрезентација

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски.

Членовите на највисокото тело на ФФМ, одлуката за избор на нов селектор на македонската А репрезентација ја донесоа по предлог на Комисијата за избор на селектор, составена од Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на Национални репрезентации, Николче Новески – раководител на Скаутинг службата на ФФМ, Агим Ибраими – член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски – потпретседател на ФФМ.

Гоце Седлоски е едно од најпрепознатливите имиња во историјата на македонскиот фудбал. Како фудбалер, поранешниот репрезентативен капитен оствари 100 настапи и постигна 8 голови за националниот тим, со што останува првиот македонски фудбалер кој запишал 100 настапи за репрезентацијата.

Седлоски има и претходно искуство во стручниот штаб на националниот тим. Во август 2012 година ја водеше македонската А репрезентација како в.д. селектор на пријателскиот натпревар против Литванија во Скопје (1:0).

Во својата тренерска кариера, Гоце Седлоски работеше како асистент и в.д. селектор на Македонија, а на клупско ниво ги предводеше Хоризонт Турново, Вардар, Рига (Летонија), Широки Бријег (Босна и Херцеговина), вториот тим на Динамо Загреб (Хрватска), Шкупи, Влазниа (Албанија) и Работнички.

Во досегашната тренерска кариера, Седлоски освои три шампионски титули, со ФК Вардар во сезоните 2015/16 и 2016/17, со ФК Шкупи во сезоната 2021/22, како и Куп титула со ФК Вардар во сезоната 2024/25.

Како фудбалер, имаше богата кариера настапувајќи за повеќе клубови во Македонија и странство. Своите професионални чекори ги започна во Братство Горно Коњари и Питу Гули Крушево, по што настапуваше за Победа Прилеп, каде го привлече вниманието со своите настапи. Кариерата ја продолжи во Хајдук Сплит и Динамо Загреб во Хрватска. Седлоски, воедно е прв странец кој ја носел капитенската лента на Динамо Загреб. Потоа настапуваше за Шефилд Венздеј во Англија. Интернационалното искуство го надополни со настапи во Вегалта Сендаи (Јапонија), Дијарбакирспор (Турција) и Матерсбург (Австрија), градејќи респектабилна фудбалска кариера.

Фудбалската федерација на Македонија верува дека искуството, авторитетот и длабокото познавање на македонскиот фудбал на Гоце Седлоски ќе придонесат за стабилност, континуитет и напредок на националниот тим во претстојниот период.

Официјалната промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација е закажана за утре (вторник), со почеток во 11:30 часот, во хотел „Хилтон“ во Скопје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг