Семејна драма во Куманово: 21 годишник со остри предмети им се заканувал на своите родители

На 05.07.2025 година во 18.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.И.(21) од кумановско село, а постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден, околу 17.00 часот во семејниот дом, со остри предмети им упатувал закани по живот на неговите родители.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.