Нов скандал помеѓу Макрон и неговата сопруга, повторно во авион – погледнете што направија [ВИДЕО]

Непријатен момент по слетувањето: Брижит Макрон повторно го игнорира сопругот пред камери

Францускиот претседател Емануел Макрон и сопругата Брижит станаа главна тема на социјалните мрежи поради нов непријатен момент при нивното пристигнување во Велика Британија. Двојката слета на аеродромот RAF Northolt, каде ги пречекаа принцот Вилијам и принцезата Кејт.

Додека се симнуваа од авионот, Макрон ѝ подаде рака на сопругата, но Брижит ладно го игнорира и се потпре на оградата. Претседателот потоа се сврте кон кралскиот пар и ѝ бакна рака на принцезата Кејт. Во автомобилот на пат кон Виндзор, Брижит гледаше во телефонот, а Макрон прелистуваше документи – без очигледна комуникација.

Инцидентот доаѓа по слична сцена во мај во Виетнам, кога Брижит го одби сопругот пред камери, а снимката стана вирална. Извор близок до претседателската двојка за BFMTV изјавил дека станува збор за „брачен момент на релаксација пред официјалниот протокол“.

И покрај незгодното пристигнување, двојката беше пречекана со највисоки државни почести. По средбата со кралот Чарлс и кралицата Камила, заедно со принцот и принцезата од Велс, се упатија кон Виндзор во церемонијална кочија. Вечерва е најавен свечен банкет со 160 гости, на кој ќе говорат и кралот и претседателот Макрон. Сè уште не е потврдено дали Кејт Мидлтон ќе присуствува.