Connect with us

Економија

Божиновска го вкопа првиот багер: „Ова е ден што ја менува енергетската мапа на Македонија“

Гевгелија, 9 јули 2025 – Со симболично вкопување на првиот багер кај Гевгелија, министерката за енергетика Сања Божиновска денеска лично ја означи изградбата на македонскиот дел од гасниот интерконектор со Грција – најголемата енергетска инвестиција во државата во последната деценија.

„Го означуваме почетокот на најголемата енергетска инвестиција во последните години, чекор што трајно ја менува нашата енергетска перспектива“ – истакна Божиновска пред владиниот врв, дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции. 

Министерката порача дека „ова не е обичен ден, туку пресвртница, симбол на визија, одговорност и непоколеблива посветеност“. Таа додаде дека со проектот Македонија „повеќе не е заложник на енергетска зависност и инфраструктурна изолација“ и ја позиционира земјата како „регионален лидер – силна, поврзана и независна“. 

Вредност на проектот изнесува 59,9 милиони евра – 12 милиони пониско од првичната проценка благодарение на транспарентен повторен тендер, што, како што истакна Божиновска, претставува „одговорно управување со јавните средства“. 

• Капацитет: почетно 1,5 милијарди м³ гас годишно, со можност за двојно зголемување и пренос на зелен водород во иднина. 

• Изведувач: кумановската „Рапид Билд“ – домашна компанија што, според министерката, гарантира дека „секој денар вложен тука се враќа во македонската економија“. 

Божиновска потенцираше дека интерконекторот е „мост кон европските енергетски пазари“, кој ќе донесе разновидни извори на снабдување, поевтина енергија за граѓаните и поголема конкурентност за индустријата. Проектот, рече таа, е „hydrogen-ready“, подготвен да ги поддржи зелените транзиции и да го подобри квалитетот на воздухот преку поголема употреба на почисти горива. 

Министерката ги најави и наредните инфраструктурни потези, скорешно ставање во функција на продуктоводот за дизел и финализирање на техничката документација за гасната врска со Србија, два проекта што, како што рече, „ќе ја заокружат регионалната мрежа и ќе ја зајакнат позицијата на Македонија како енергетски раскрсник“. 

„Стојам гордо зашто успеавме!“ – заклучи Божиновска, упатувајќи благодарност до сите партнери и колеги за „заедничката победа“ и повикувајќи на „континуирана работа за Македонија што не чека – туку делува“.

Економија

Шведскиот мебелски гигант ја затвори вратата: ИКЕА засега не доаѓа на македонскиот пазар

Интер ИКЕА Груп, глобалниот франшизер на брендот ИКЕА, соопшти дека во моментов не постојат конкретни планови за отворање продавници во Македонија, со што ги демантираше информациите што неодамна се појавија во дел од домашните медиуми за можен влез на компанијата на пазарот.

Од групацијата нагласуваат дека постојано ги анализираат можностите за проширување на ИКЕА концептот, како на постојните така и на нови пазари, со цел да бидат поблиску до што поголем број потрошувачи. Сепак, како што наведуваат, до овој момент не е донесена одлука за инвестирање и отворање продажни капацитети во Северна Македонија.

„Интер ИКЕА Груп континуирано ги разгледува можностите за раст, но заклучно со денес нема планови за отворање ИКЕА во Северна Македонија“, соопшти компанијата во официјална изјава.

Во регионот, ИКЕА веќе има воспоставена мрежа на продавници и е присутна во Хрватска, Словенија, Србија, Романија, Бугарија и Грција, што на македонските потрошувачи им овозможува пристап до брендот преку соседните пазари.

Continue Reading

Економија

Вашингтон гради рударска офанзива за критични минерали, Македонија останува на маргините

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува серија, како што ги нарекува, „историски договори“ со домашниот рударски сектор, со цел значително зголемување на производството на критични минерали неопходни за одбраната, високите технологии и енергетската транзиција. Извори блиски до Белата куќа наведуваат дека фокусот е ставен на зајакнување на домашните капацитети и намалување на зависноста од странски пазари, пред сè од Кина.

Во рамки на оваа стратегија, финансиска поддршка веќе добија компании како MP Materials, Lithium Americas и Trilogy Metals. Преку овие инвестиции, САД настојуваат да воспостават посилна контрола врз синџирите на снабдување со литиум, ретки земни елементи и други стратешки суровини кои се клучни за модерната индустрија.

„Целта е Соединетите Држави да не зависат од противници или од странски субјекти кога станува збор за критичните минерали и синџирите на снабдување“, изјави Џарод Аген, извршен директор на Националниот совет за енергетика при Белата куќа. Според него, во првата година од мандатот на Трамп се создадени услови за уште поголем инвестициски бран во рударството.

Аген најави дека администрацијата планира интензивирање на рударските активности во Аљаска и Аризона, каде што се развиваат некои од најголемите рудници за бакар во светот. Бакарот во меѓувреме е ставен на листата на критични минерали, а одлуката на Трамп да го ограничи неговиот извоз и да ги зголеми државните резерви веќе има сериозно влијание врз глобалниот пазар.

На Лондонската берза на метали, цената на бакарот достигна речиси 12.000 долари за тон, поттикната од загриженоста за слабото снабдување и растечката побарувачка, вклучително и од секторот на вештачката интелигенција. Од почетокот на годината, бакарот поскапе за околу 35 проценти, а аналитичарите прогнозираат недостиг од над 120.000 тони годинава и уште поголем дефицит во 2026 година.

Побарувачката дополнително се зголемува поради глобалните инвестиции во електропреносните мрежи и забрзаната енергетска транзиција, каде бакарот е незаменлив материјал за ветерници, соларни панели и електрични возила.

Наспроти овие глобални трендови, Македонија останува на маргините на рударската мапа. Геолошките истражувања укажуваат на значителни резерви на бакар, што е потврдено и во нацрт-Стратегијата за минерални суровини изработена од МАНУ. Сепак, повеќе најавени инвестиции, како оние во Кожуф и Казандол, останаа нереализирани.

Во моментов, единствена активна инвестиција во рудник за бакар е проектот во Иловица, иако инвеститорот во минатото јавно укажуваше на проблеми со правната сигурност. Во услови кога големите светски економии агресивно инвестираат во стратешки минерали, Македонија сè уште нема јасен и функционален модел како да ги искористи сопствените ресурси.

Continue Reading

Економија

Бакарот на чекор до нов рекорд: Берзите бележат најсилен раст по финансиската криза

Цената на бакарот продолжува со силен нагорен тренд и се доближува до историското ниво од 12.000 долари за тон, заокружувајќи една исклучително турбулентна година на светските берзи. Пазарните движења се одвиваат во услови на засилени геополитички тензии, но и рекордна побарувачка за индустриски метали.

Податоците од Лондонската берза на метали покажуваат дека бакарот е на пат да го оствари најголемиот годишен раст од 2009 година наваму, што дополнително го зголемува интересот кај инвеститорите и индустриските потрошувачи.

Аналитичарите посочуваат дека растот е резултат на повеќе фактори. Глобалната понуда е ограничена, залихите се на ниско ниво, а рударското производство не успева да одговори на зголемената побарувачка. Истовремено, трговските тензии и неизвесноста на меѓународните пазари поттикнуваат забрзано купување на суровини.

Дополнителен притисок врз цената создава и забрзаната енергетска транзиција. Бакарот е еден од клучните метали за електричните возила, обновливите извори на енергија и модерната електроинфраструктура, што го прави незаменлив во процесот на декарбонизација.

Инвеститорите остануваат оптимисти и сметаат дека светската економија допрва влегува во долгорочен „супер-циклус“ на побарувачка на бакар, поттикнат од зелените политики и технолошките промени кои во голема мера зависат од овој метал.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг