Connect with us

Балкан

(фото) ВАШИНГТОН ТАЈМС ВО 1903 ГОД. ОД СОФИЈА: Близу половина од населението во Бугарија се Македонци по род или по потекло

Наспроти тезата за „настанокот на Македонците“ од 1944 година, еве што пишува за тоа Х.Р. Чемберлејн, дописник на Вашингтон Тајмс од Софија, во дописот од недела, 26. април, 1903 година на страница 3.

„Вистина е дека оваа земја (се мисли на Бугарија з.н.) силно сочувствува со Македонското движење. Близу половина од населението (се мисли во Бугарија з.н.) се Македонци, по род или по потекло“, пишува дописникот на Вашингтон Тајмс од Софија во 1903-та година.

Својот допис го почнува вака:

„Тие се стремат за ништо помалку од независност, иако таа нивна амбиција ја прикриваат со терминот автономија. Добрите познавачи се убедени дека независна Македонија би значело најцрна анархија во земјата. Можеби би требало да објаснам дека востаниците имаат поголема цел, како што ми беше објаснето пред некој ден, со речиси фанатичен ентузијазам, од нивниот врховен лидер. Тој вели дека посакува да се формира Балканска, или како што тој се изрази, Јужнословенска федерација, која би се состоела од Бугарија, Србија, Албанија, Македонија и Романија. Цел на оваа федерација би била да се спречи пан-руската и пан-германската експанзија, а тој посакува да обезбеди активна поддршка за ова од Велика Британија и Франција. Бесцелно би било да му се објаснува нему апсурдната неможност на оваа негова цел во сегашната ситуација…“ текстот (види прилог) објаснува:

„…Вистина е дека оваа земја (се мисли на Бугарија з.н.) силно сочувствува со Македонското движење. Близу половина од населението (во Бугарија) се Македонци, по род или по потекло. Како и да е, руското влијание за контрола на (бугарската) влада е неверојанто умешно, а засега нема знаци на какво било јавно движење за промена на вистинскиот став, што Русија толку строго го има пропишано“, пишува покрај другото дописникот на Вашигтон Тајмс од Софија во 1903 година.

Извор: Денешен.мк

Advertisement

Балкан

Запалена новогодишна декорација пред Градската куќа во Нови Сад (ВИДЕО)

Непознат маж вчера навечер запалил дел од новогодишната декорација поставена пред Градската куќа во Нови Сад.

Според достапните информации, сторителот пристигнал со велосипед и околу 4:14 часот подметнал оган на еден од осветлените вагони, кои се дел од декоративниот воз поставен на плоштадот.

Полицијата веднаш реагирала и започнала истрага за настанот, при што се преземаат мерки за идентификување и пронаоѓање на лицето кое го предизвикало пожарот.

Видеото може да го погледнете на Скопје1

Continue Reading

Балкан

Камери со вештачка интелигенција ќе ги фаќаат сите сообраќајни прекршоци во Грција

kamera

Во само четири дена, новите сообраќајни камери со вештачка интелигенција во Атина забележаа над 2.000 сериозни прекршоци, откривајќи ја моќта на технологијата во борбата за безбедни патишта.

На авенијата Сингро, една од камерите регистрирала повеќе од 1.000 прекршоци, меѓу кои користење мобилен телефон додека се вози и неносење безбедносен појас, јавува „Катимерини“. Во исто време, речиси 800 возачи биле фатени како ја надминуваат брзината на дел од патот со ограничување од 90 километри на час, додека 480 случаи на поминување на црвено светло ја покажуваат сериозноста на проблемот.

Минатата недела на осум локации е започната пилот-програмата, со висок ризик по препорака на грчката полиција, која е дел од пошироката кампања на властите за зголемување на безбедноста на патиштата.

„Ова е политичка одлука со јасна социјална цел. Целта е намалување на сообраќајните несреќи и спасување животи“, изјави министерот за дигитално управување, Димитрис Папастергиу. Тој истакна дека акцијата не е само казнувачка, туку и предупредувачка: „Сакаме граѓаните да знаат дека правилата важат за сите и се спроведуваат на фер и современ начин.“

Камерите детектираат сериозни прекршоци како брзо возење, поминување на црвено, неносење појас, користење мобилен телефон при возење и нелегално користење на ленти за итни случаи. Возачите ќе бидат известени преку дигиталното поштенско сандаче на платформата gov.gr или преку електронска пошта, а жалбите ќе можат да се поднесуваат онлајн.

Властите веќе најавија планови за ширење на мрежата на 2.500 камери низ целата земја: 2.000 фиксирани на критични локации и 500 во јавниот превоз за контрола на автобуските ленти, со цел да се создаде „невидлива мрежа“ за безбедност на патиштата.

Continue Reading

Балкан

За католички Божик и Нова година без блокади: Границата со Грција се отвора

По повеќе од три недели протести и блокади низ цела Грција, земјоделците најавија дека привремено ќе ги отворат граничните премини и патиштата. Престанокот на блокадите ќе важи во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година, и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.

Според грчките медиуми, овој потег е направен со цел туристите и граѓаните да можат непречено да ги реализираат своите планови за прослава на католичкиот Божиќ и Нова година во соседната земја.

Премиерот Кирјакос Мицотакис истовремено истакна дека голем дел од барањата на земјоделците веќе се исполнети. „Од листата со 27 побарувања, 16 се веќе задоволени или се разгледуваат позитивно. Четири се во процес на дискусија за да се најде решение, додека само седум не можат да се реализираат поради спротивност со европските регулативи или финансиска неизводливост“, објави Мицотакис на Фејсбук.

И покрај тоа, земјоделците не се откажуваат од својата борба. Протестите започнаа на 30 ноември со околу 60 блокади ширум земјата, вклучувајќи и клучни гранични премини.

Со оваа одлука, граѓаните конечно ќе можат да го поминат празничниот период без ограничувања, додека земјоделците продолжуваат да се борат за исполнување на своите незадоволни барања.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг