Connect with us

Економија

Почна изградбата на гасниот интерконекторсо Грција: Стратешки проект за енергетска сигурност, пониски цени и регионална интеграција

Со симболичен чин на потпишување на гасоводните цевки од страна на претставници на Владата, меѓународните партнери и институциите вклучени во реализацијата, беше означен почетокот на изградбата на гасниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција – стратешки енергетски проект со кој земјата добива нов правец во обезбедувањето на сигурно, стабилно, диверзифицирано и еколошки одржливо снабдување со природен гас, што има клучно значење за енергетската иднина на земјата и регионот.

Настанот се одржа во близина на Неготино и Демир Капија, на локацијата на трасата од каде започнува изградбата на македонскиот дел од интерконекторот, во организација на НОМАГАС АД Скопје – државната компанија која управува со националниот гасоводен систем.

Изградбата на интерконекторот беше поздравена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој истакна: „Ова не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјата, во нејзиниот целокупен економски развој и во нејзината просперитетна иднина. Преку реализацијата на овој проект, како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останати наши соседи, нашата земја станува значајна енергетска крстосница, што очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред се за македонските граѓани и домашната економија“.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ја истакна клучната улога на гасификацијата во борбата со загадувањето на воздухот. „Гасниот интерконектор со Грција не е само инвестиција во инфраструктура, туку во поздрава животна средина, посигурна енергија и посилна поврзаност со регионот. Со оваа инвестиција правиме суштински исчекор во борбата против загадувањето, но и ја покажуваме посветеноста на Владата да планира, да реализира и да води со јасна визија. Ова е пример како преку конкретни проекти, стратешки партнерства и еколошка одговорност, ја градиме иднината што граѓаните со право ја очекуваат – почиста, постабилна и европска Северна Македонија“, подвлече вицепремиерот Меџити. 

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го нагласи значењето на интерконекторот како најголемата енергетска инвестиција во земјава во последните десет години. „Од оваа точка па натаму, секој метар од трасата е симбол на нашата визија: енергетска независност, економски раст, еколошка одржливост и регионална интеграција. Како министерка, денес стојам гордо пред вас, затоа што успеавме! Реализиравме проект кој не е само стратешки, туку клучен за иднината на нашата земја. Ова е чекор кој трајно ја менува нашата енергетска перспектива. Македонија станува клучен играч во енергетската мапа на Југоисточна Европа. Не само што ја зајакнуваме нашата енергетска независност, туку и придонесуваме за стабилноста на целиот регион. Овој проект е доказ за нашата одлучност да ја трансформираме Македонија во енергетски центар на Балканот“, рече во своето обраќање министерката Божиновска.

Директорот на НОМАГАС, Мухамед Елмази, истакна дека со изградбата на интерконекторот државата влегува во нова енергетска ера – конкурентна, одржлива и поврзана со регионалниот и европскиот енергетски пазар. „Преку овој проект ќе се обезбеди поефикасно балансирање на понудата и побарувачката на природен гас, ќе се унапреди конкурентноста на пазарот и ќе се создаде пофлексибилен систем кој ќе биде подготвен да одговори на идните енергетски предизвици. Проектот е технолошки усогласен со европските стандарди и агендата за енергетска трансформација и ќe овозможитранспорт на зелени енергенси како водородот, што нѐноси чекор поблиску до енергетски одржлива иднина“,рече Елмази.

Почетокот на изградбата на интерконекторот  беше поддржан од бројни меѓународни партнери и дипломати, што уште еднаш ја потврди важноста на проектот. Меѓу говорниците кои се обратија на настанот беа претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ),  Бјорн Габриел, шефот на Канцеларијата на Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјата, ФатихТуркменоглу, амбасадорката на САД, Анџела Агелар, амбасадорката на Грција, Софиа Филипиду, како и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас. Сите ја поздравија изградбата на интерконекторот како проект од заеднички интерес и симбол на регионалната соработка и европската интеграција.

„Гасоводниот интерконектор помеѓу Северна Македонија и Грција е проект со далекусежно влијание и со голема економска трансформативна моќ за регионот. Тој директно придонесува кон енергетската политика на Унијата, обезбедувајќи разноврсно и стабилно снабдување со енергија, подобрувајќи ја енергетската отпорност на ЕУ и земјава. Со оваа стратешка точка на прекугранично поврзување, ЕУ ја поттикнува побрзата интеграција на регионот во Европскиот енергетскиот пазар, каде што Северна Македонија заслужено припаѓа“, рече амбасадорот на ЕУ, Рокас.

На настанот присуствуваа и директорка на Националниот оператор на системот за природен гас на Грција (ДЕСФА), Мариа Рита Гали, како и директорот на Србијагас, Душан Бајатовиќ.

 

Интерконекторот ќе донесе пониски цени на гасот исигурно снабдување за индустријата и домаќинствата

Делница од гасоводниот интерконектор што ќе се гради на македонска територија ќе биде долга 66,7 километри, со дијаметар на цевката од 700 милиметри. Интерконекторот ќе има иницијален капацитет од 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, со можност истиот да се зголеми до 3 милијарди кубни метри. 

Вредноста на изградбата на проектот е околу 3,7милијарди денари, односно околу 60 милиони евра.Финансиската конструкција се состои од два поволни заеми – еден од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 28,9 милиони евра и друг од ЕБОР во износ од 45 милиони евра – како и инвестициски грант од 12,5 милиони евра преку ИПА инструментот на Европската Унија. Дополнително, преку CONNECTA програмата на ЕУ беше обезбедена и техничка помош за изработка на потребните студии, проектна документација и тендерска документација.

Со реализацијата на овој проект Северна Македонија ќе добие пристап до нови извори на природен гас, вклучително и гас од Азербејџан, како и од други глобални пазари преку поврзувањето со грчката гасоводна мрежа. Ова ќе значи значително подобрување на сигурноста во снабдувањето со гас и услови за намалување на цената на природниот гас за крајните потрошувачи.

Со интеграцијата на македонскиот со регионалниот пазар на гас ќе се отворат и нови можности за индустриски развој, подобрување на квалитетот на живот за граѓаните и создавање на нови работни места. Достапноста на гасот како поеколошка алтернатива ќе придонесе и за намалување на загадувањето на воздухот, особено во општините каде сè уште се користат дрва и нафта, односно мазут за греење. Проектот, исто така, претставува важна алка во европските напори за создавање заеднички енергетски пазар и ќе придонесе за исполнување на трите клучни цели на енергетската политика на Унијата: сигурност, одржливост и конкурентност.

Изградбата ќе ја спроведе домашната компанија Рапид Билд ДОО, која е веќе подготвена со стручен кадар и техничка опременост. Со ова се потврдува и капацитетот на македонскиот градежен сектор да изведува сложени инфраструктурни проекти во согласност со европските стандарди. Градежните работи на трасата започнуваат веднаш и се очекува да завршат за 22 месеци, со што интерконекторот треба да биде целосно оперативен во текот на 2027 година.

Advertisement

Економија

ИКЕА пристигнува и во Македонија

ikea

Идејата за отворање на ИКЕА во Македонија не е нова – за неа се зборува повеќе од една деценија. По неколку неуспешни обиди, шведскиот бренд кој ја освои светската малопродажба на мебел, конечно се чини дека ќе стапи и на македонскиот пазар.

Веста неодамна ја потврди новоформираната Шведско-Македонска стопанска комора. Извршниот директор, Самуел Наумовски Викиус, во разговор за медиумите во Скопје изјави дека преговорите за влезот на ИКЕА во Македонија се во завршна фаза. „Има простор за работа на ИКЕА во нашата земја, а иницијативата е поддржана и од шведскиот амбасадор“, рече Наумовски Викиус, додавајќи дека комората активно работи на ова прашање.

ИКЕА е еден од најпознатите меѓународни брендови за мебел со силно присуство во регионот, вклучувајќи ги Грција, Бугарија, Србија и Хрватска. За споредба, инвестицијата за стоковната куќа „Икеа – Белград Исток“ изнесуваше 70 милиони евра за објект од 35.000 квадратни метри и отвори повеќе од 400 нови работни места. Во Хрватска, пак, во 2014 година, ИКЕА вложи околу 100 милиони евра и првично вработи 350 лица.

Македонските купувачи во меѓувреме имаат ограничен пристап до интернет-страниците на ИКЕА: грчката и бугарската веб-страница се достапни само од нивните земји, додека македонските граѓани можат да се информираат преку сајтовите во Србија (ikea.rs) и Хрватска (ikea.hr).

Со оглед на досегашното искуство на ИКЕА во регионот, отворањето на првата продавница во Македонија се очекува да донесе значителни инвестиции и нови работни места, а граѓаните конечно ќе имаат можност да ги купуваат светски познатите производи на локално ниво.

Continue Reading

Економија

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“

Новогодишниот период носи посебна атмосфера – време кога сме поблиску едни до други, славиме нови почетоци, истовремено осврнувајќи се на годината што изминува. Во овие празнични денови секогаш го бараме идеалниот подарок што ќе ги израдува нашите најблиски. Вистинската вредност на подарокот се мери со насмевките и среќата што ја носи, па токму затоа овој период е совршен за подарување шанса за среќа.

Шареноликата понуда на инстант лозови на Државна лотарија, во ковертите „Среќа плус“ со разновидни дизајни, наменети како подарок за различни поводи се токму тоа – симболичен гест, којшто во мал коверт носи шанса за големи добивки. Со „Среќа плус“ не подарувате само инстант лоз – подарувате мигови исполнети со надеж, исчекување и можност новата година да започне со убави изненадувања.

Во еден коверт „Среќа плус“ се кријат можности за исполнување на многу новогодишни желби – сопствен стан, автомобил, мотор и големи парични добивки. Инстант лотаријата ја дополнува магијата на празниците, носејќи ја шансата соништата да се претворат во реалност.

Овие празници подарете моменти на среќа на оние што ви значат, затоа што најубавите подароци се оние што носат надеж, радост и верба дека убавите изненадувања се поблиску отколку што мислиме и нѐ потсетуваат дека среќата е насекаде околу нас!

Continue Reading

Економија

Бугарија влегува во Еврозоната со своето православни мотиви на новите евра

Од 1 јануари 2026 година, Бугарија официјално ќе ја замени националната валута лев со евро, стапувајќи на патот на европската интеграција. Но, она што го прави овој премин навистина посебен е дизајнот на новите монети – Бугарија ќе биде првата земја членка на Еврозоната што на своите редовни апоени ќе прикаже православна иконографија.

На монетите од 1 и 2 евра ќе блескаат ликот на свети Јован Рилски и свети Паисиј Хилендарски – личности кои го обликувале духовниот и културниот идентитет на нацијата. Според грчкиот портал newsbeast.gr, изборот на овие светители има и силна културно-образовна порака. Двајцата се поврзани со грчкиот јазик и византиската образовна традиција: Паисиј Хилендарски дејствувал на Света Гора, каде грчкиот бил доминантен јазик во управата и богослужението, додека Јован Рилски живеел во време на силно византиско влијание и неговите духовни текстови сведочат за познавање на грчката светоотечка традиција.

Додека Грција, првата православна земја што го прифати еврото во 2001 година, се одлучи за мотиви од античката и поновата световна историја, Бугарија прави значителен пресврт: таа го носи православното наследство директно во секојдневниот живот на своите граѓани и низ Европа, следејќи го примерот на Ватикан и Сан Марино, кои исто така користат религиозни мотиви на своите монети.

Помалите апоени – од 1 до 50 центи – ќе ја чуваат визуелната традиција на националната валута, со ликот на Мадарскиот коњаник, споменик од VIII век и дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Сите монети ќе имаат кириличен натпис: „евро“, „стотинки“ и „Бугарија“, а на работ на монетата од 2 евра ќе стои гравираниот повик: „Боже, чувај ја Бугарија“.

Фиксниот курс е утврден на 1 евро = 1,95583 лева, што обезбедува стабилен транзициски период. Со оваа серија монети, Бугарија симболично ги спојува своето православно и културно наследство со современиот европски процес на интеграција, нудејќи уникатен допир на историјата во секојдневната европска економија.

За споредба, Словачка во 2013 година издаде јубилејна монета со светите браќа Кирил и Методиј, што предизвика јавна дебата дали тие треба да бидат прикажани со ореоли – тематика која го потенцира чувствителниот баланс помеѓу религиозниот симболизам и современиот дизајн на монетите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг