Connect with us

Црна Хроника

Пожарите во Македонија ја земаа втората жртва – тело на починато лице пронајдено во опожареното село Лозаново

Тело на починато лице пронајдено во опожареното село Лозаново

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Крива Паланка пронашле починато лице во близина на пожар во селото Лозаново. Увид на местото на настанот се врши во присуство на јавен обвинител, а причините за смртта ќе бидат дополнително утврдени.

Пожарот кој го зафати Кривопаланечко веќе добива сериозни размери. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, изјави дека огнената стихија излегува од контрола и апелираше до државните институции да испратат итна помош. Тој ги повика и граѓаните да се вклучат во гаснењето на пожарите на терен.

Во меѓувреме, доцна попладнево се активираше нов пожар во Чучер-Сандево, а претходно денеска гореше и во близина на касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје.

Пожар избувна и во Дојран, каде што, според градоначалникот Анго Ангов, ситуацијата станува животозагрозувачка. Активни се пожари и во Македонски Брод, како и повторно кај граничниот премин Блаце, поради што патот и преминот се затворени за сообраќај.

Поради сериозноста на ситуацијата, вечерва е најавена седница на Кризниот штаб за справување со пожарите, која ќе се одржи во Владата под водство на премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, состанок одржува и Главниот штаб на Центарот за управување со кризи.

Институциите апелираат за смиреност, но и за внимателност и подготвеност, додека се преземаат мерки за ставање на ситуацијата под контрола.

Advertisement

Црна Хроника

Дресот на Рокдејл Илинден на јавниот споменик за жртвите од терористичкиот напад во Бонди

На јавниот споменик посветен на жртвите од терористичкиот напад во Бонди, денеска беше поставен дресот на Рокдејл Илиден, во чест на Дан Елкајам, кој го загуби животот за време на трагичниот настан. Овој симболичен чин има за цел да ја оддаде почитта кон неговата храброст и да потсети на трагичните настани кои го потресоа градот.

Граѓаните, семејствата на жртвите и претставници на локалната заедница присуствуваа на церемонијата, носејќи цвеќиња и запалени свеќи како знак на почит. „Овој дрес не е само облека, туку симбол на сеќавање и единство против насилството“, рече еден од организаторите на настанот.

Поставувањето на дресот е дел од поширока иницијатива за зачувување на меморијата на жртвите и за подигнување на јавната свест за важноста на солидарноста и мирот во општеството.

Facebook

Continue Reading

Црна Хроника

Лажел дека е туристички агент и украл 6.080 евра

Кривична пријава за измама поднел СВР Куманово против Е.Б.(33) од Куманово.

Како што соопшти полицијата, тој се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и на измама од едно лице, за резервација за летување за две семејства во Турција, зел 373 890 денари (6.080 евра), соопшти СВР Куманово.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична за багеристот што го остави Тетово без струја

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А. (44) од с. Боговиње, како и против Ф.А. (45) од с. Боговиње, управител на правен субјект, товарејќи ги за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.

На 29 септември, првопријавениот во дворот од Клиничка болница Тетово, додека работел со багер во сопственост на правното лице, оштетил електрични кабли за струја, по што, голем дел од градот Тетово останал без електрична енергија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг