Исчезнатата малолетничка од Србија пронајдена во Велес: Дошла да се мажи за малолетник од Велес

Исчезнатата малолетничка од Србија пронајдена во Велес

Во понеделникот околу 22 часот, полициски службеници од СВР Велес постапија по барање на Интерпол-Србија и ја пронајдоа 15-годишната малолетничка од Србија во домот на 30-годишната Р.Д. од Велес, соопшти портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Во присуство на социјален работник од Центарот за социјални работи Велес, со малолетничката е извршен разговор, при што таа изјавила дека доброволно дошла во Велес со намера да се омажи со малолетник од овој град.