Една од најубавите плажи во Грција, целосно уништена во пожарот кој го зафати островот Тасос

Пожарот на Тасос ја опустоши плажата Гликади – уништени кантината, опремата и дел од боровата шума

Плажата Гликади на островот Тасос претрпе значителни штети по пожарот што избувна на 9 јули во нејзината околина. Иако пожарот предизвика материјална штета, за среќа нема повредени лица, а ситуацијата веќе е ставена под контрола.

Според информациите од терен, пожарот зафатил голем дел од боровата шума која го красеше овој дел на островот. Целосно е изгорена кантината на плажата, додека опремата на бич-барот е уништена.

Пожарникарските екипи интервенираа навремено и со големи напори успеаја да го спречат ширењето на огнот кон поширокиот предел. Животот на островот полека се враќа во нормала, а туристите кои престојуваат во околината се веќе посмирени.

Фотографии што се споделуваат во грчките медиуми и на социјалните мрежи сведочат за последиците од огнената стихија – изгорена вегетација, опожарени објекти и уништена инфраструктура на самата плажа.