Connect with us

Свет

Фијаско од девет милијарди евра: Пропаѓа проектот за најмодерните фрегати на Бундесверот

Германската воена индустрија повторно се соочува со остри критики, откако стана јасно дека изградбата на шесте современи фрегати F126, вредни речиси девет милијарди евра, е сериозно загрозена поради доцнења и финансиски проблеми. Проектот, кој требаше да биде столб на германското учество во одбраната на НАТО во Балтичкото и Атлантското Море, се наоѓа на работ на колапс, објави „WiWo“.

Иако симболично поставување на килибарот во бродоградилиштето во Волгаст го означи почетокот на изградбата во јуни 2024 година, само една година подоцна проектот е во хаос. Министерството за одбрана, под водство на Борис Писториус, официјално признало пред Бундестагот „значителни доцнења“ и „финансиска нестабилност“ кај холандската компанија Damen Naval – главен изведувач на работите.

Проблеми со комуникација меѓу холандските инженери и германските подизведувачи дополнително ја забавиле реализацијата. Индустриски извори велат дека германските партнери „никогаш не добиле конструкциски цртежи“, што предизвикало застој во производството.

Поради растечката закана од Русија во Балтикот, притисокот од политиката и индустријата расте. Пратеникот од ЦДУ, Бастијан Ернст, јавно повика на раскинување на договорот со Damen и премин кон национално решение: „Време е овој проект да стане лична одговорност на министерот.“ Слично размислува и СПД-пратеникот Андреас Шварц, кој предлага „План Б“ – набавка на стандардизирани фрегати од германски производители како Thyssenkrupp Marine Systems (TKMS) или NVL.

Првата фрегата, според актуелните податоци, ќе биде готова најрано во 2030 година – две години по првичниот рок. Во меѓувреме, бродоградилиштата кои работат како подизведувачи, како Peene-Werft и German Naval Yards, бараат алтернативни проекти за да преживеат. Наместо воени бродови, тие сега градат луксузни јахти и трговски бродови.

Проектот F126 требаше да биде симбол на т.н. Zeitenwende – историскиот пресврт во германската безбедносна политика. Но неговиот можен крах може да значи тежок удар за германската одбранбена индустрија и за министерот Писториус. Како што предупредуваат извори од индустријата: „Политички, овој проект нема така лесно да умре. Веќе е вложено премногу пари и политички капитал.“

Advertisement

Свет

Зеленски во божиќно обраќање: Украина се моли за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните во пресрет на Божиќ, порачувајќи дека Украинците и четврта година по ред, и покрај војната, остануваат обединети во одбраната на својата земја.

Тој нагласи дека Бадниковата вечер е симбол на заедништво и припадност, иако војната се обидува да им го одземе чувството на мир, дом и семејна топлина. Зеленски истакна дека токму тие вредности денес се бранат – земјата, семејствата и правото на живот во мир.

Претседателот призна дека Божиќ доаѓа во исклучително тежок период и дека не сите граѓани вечерва се дома, ниту сите имаат дом. Сепак, подвлече дека Украинците, без разлика дали се во Киев, Одеса, Закарпатија или во близина на фронтот, го одбележуваат празникот заедно, како едно семејство.

Во обраќањето се осврна и на новите масовни руски напади во пресрет на Божиќ, со дронови и ракети, нагласувајќи дека и покрај тоа Украина опстојува.

Зеленски рече дека се моли за украинските војници, за враќање на заробените, за загинатите и за сите протерани, како и за оние кои, и во најтешките околности, не ја изгубиле Украина во себе.

„Се бориме за мир, се молиме за мир и го заслужуваме“, порача Зеленски, честитајќи им Божиќ на граѓаните со зборовите: „Христос се роди! Да го славиме!“.

Continue Reading

Свет

Смртоносна експлозија во јужна Москва: Загинаа двајца полицајци и уште едно лице

Двајца сообраќајни полицајци и уште едно лице загинаа во експлозија на автомобил во јужниот дел на Москва, соопшти Истражниот комитет на Русија. Инцидентот се случил рано изутринава на улицата „Елецка“, кога полициските службеници се приближиле до лице кое го сметале за сомнително.

Според официјалните информации, во моментот на интервенцијата била активирана експлозивна направа, по што следела силна детонација. Местото веднаш било обезбедено, а истражните служби започнале со преглед на снимки од надзорните камери и собирање докази.

Снимки прикажани на руските медиуми покажаа оградена зона со засилено полициско присуство, додека сведоци изјавиле дека експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време.

Инцидентот доаѓа само неколку дена по убиството на висок руски воен функционер, генерал-потполковник Фанил Сарваров, кој загина кога бомба експлодираше под неговиот автомобил во друг дел од јужна Москва. Руските истражители тој настан го окарактеризираа како можен атентат.

Руски претставници и воени коментатори веќе повикаа на остра реакција, оценувајќи дека станува збор за трет сериозен бомбашки напад во Москва во изминатата година поврзан со безбедносни цели.

Continue Reading

Свет

Проруска хакерска група ја презеде одговорноста за нападот врз Француската пошта

Проруската хакерска група „Нонејм057“ (Noname057) ја презеде одговорноста за кибернападот врз Француската пошта, кој пред два дена го парализираше работењето на централните компјутерски системи. Нападот од типот ДДоС (DDoS) доведе до откажување на сите испораки на пакети и писма, како и прекин на онлајн банкарските плаќања.

Групата „Нонејм057“ е обвинета и за други напади во Европа, меѓу кои и нападот врз Самитот на НАТО во Холандија, кој се одржа во јуни оваа година.

Франција и нејзините европски сојузници го поврзуваат ваквото дејствување со т.н. хибридна војна на Русија, насочена кон создавање поделби во западните општества и поткопување на поддршката за Украина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг