Connect with us

Свет

НАТО се подготвува за можен напад од Русија – Хамбург станува центар на воена симулација со стотици илјади војници

Во сенка на сè понагласените предупредувања за можен голем конфликт со Русија, Германија се подготвува за една од најголемите воени вежби на НАТО во последните децении. Од 25 до 27 септември 2025 година, градот Хамбург ќе биде домаќин на масовната симулација „Red Storm Bravo“, чија цел е да се вежба брз и организиран одговор на евентуален напад на источното крило на Алијансата.

Во вежбата се очекува да учествуваат до 800.000 луѓе – војници, логистичари, медицински тимови и други служби, кои дење и ноќе ќе изведуваат операции во реални урбани услови. Улиците на Хамбург ќе бидат исполнети со тенкови, конвои, мобилни болници и хеликоптери, а целиот град ќе функционира како логистички центар за евентуално преместување на трупи и снабдување во случај на вистински конфликт.

„Заканата е реална. Веќе сме сведоци на напади врз критична инфраструктура“, предупредува капетанот на германската армија Курт Леонардс, споменувајќи индустриска саботажа, шпионажа и обиди за атентати како дел од хибридното војување кое се води од страна на Москва.

Хамбург, како една од најголемите пристанишни зони во Европа, има клучно значење за брза мобилизација на трупи кон Балтикот и Полска, а близината до Скандинавија дополнително ја зголемува неговата стратешка важност.

Во меѓувреме, најновиот извештај на германската армија (Бундесвер) отворено тврди дека Русија под раководство на Владимир Путин активно се подготвува за војна против НАТО. Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, дури предупреди дека нова руска офанзива може да се случи во следните четири до пет години.

Овие развои се одразуваат и на секојдневниот живот во Германија. Вртоглав раст бележи воената индустрија – само компанијата „Rheinmetall“ во 2024 година остварила приход од над 10 милијарди евра. Граѓаните сè повеќе чувствуваат несигурност, а бројот на повици до линиите за психолошка помош достигна рекордни 1,3 милиони, најчесто поврзани со стравови од војна и глобална нестабилност.

„Red Storm Bravo“ е повеќе од воена вежба – таа е сигнал дека Европа влегува во нова ера на неизвесност, во која безбедноста повеќе не се подразбира сама по себе. Хамбург ќе биде симбол на таа нова реалност.

Advertisement

Свет

Лекарите во Англија стапија во петдневен штрајк

Лекарите во Англија денес започнаа петдневен штрајк поради несогласувања околу платите и условите за работа, јавува Ројтерс.

Станува збор за помладите болнички лекари, познати како „жители“, кои тврдат дека нивните плати во последните години значително се намалиле и дека работат под зголемен притисок и во тешки услови.

Владата, од своја страна, соопшти дека нема фискален простор за значителни покачувања на платите и дека штрајковите се неодговорни, нагласувајќи ја потребата за заштита на здравствениот систем и пациентите.

Continue Reading

Свет

Вашингтон најавува нов притисок врз Москва преку енергетски санкции

САД подготвуваат нов пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор, со цел дополнително да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да прифати можен мировен договор со Украина, објавуваат странски медиуми повикувајќи се на информирани извори.

Според истите извори, меѓу мерките што се разгледуваат е и таргетирање на бродовите од руската флота на нафтени танкери, како и санкционирање на трговците и посредниците кои учествуваат во олеснување на трансакциите поврзани со извозот на руска нафта.

Изворите наведуваат дека станува збор за опции кои сè уште се во фаза на разгледување, а конечната одлука ќе зависи од развојот на дипломатските напори поврзани со војната во Украина.

Според најавите, новите санкции би можеле да бидат објавени уште во текот на оваа недела.

Continue Reading

Свет

Мелони: Европа губи време поради внатрешна слабост и бавни одлуки

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици, предупредувајќи дека најголемата закана за Унијата не доаѓа однадвор, туку од нејзината сопствена неодлучност и неспособност навреме да носи клучни одлуки.

Говорејќи пред пратениците во Долниот дом на италијанскиот парламент, Мелони нагласи дека актуелниот геополитички момент бара прагматичен пристап, ослободен од идеолошки догматизам. Според неа, токму таквиот пристап е неопходен за соодветен одговор на новата безбедносна стратегија на Соединетите Американски Држави.

„Бесмислено и штетно е да се напаѓаат имагинарни непријатели. Вистинскиот проблем е нашата неспособност да изнаоѓаме конкретни и одржливи решенија“, истакна Мелони во пресрет на претстојниот Самит на ЕУ.

Премиерката се осврна и на прашањето за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, оценувајќи дека станува збор за сложен процес кој мора да биде заснован на цврста и правно издржлива основа. Таа ја повтори поддршката на Италија за Украина и ставот дека Русија треба да ги сноси трошоците за војната, но додаде дека Москва поставува, како што рече, „неразумни“ услови во рамките на мировните напори поддржани од САД.

Мелони упати критики и до предлог-буџетот на Европската комисија за периодот 2028–2034 година, оценувајќи дека во сегашната форма е неприфатлив за Италија. Таа посочи дека документот предвидува зголемени финансиски придонеси, но намалени средства за политики кои се од клучно значење за земјата, како заедничката земјоделска и кохезиската политика.

„Нема да прифатиме да плаќаме повеќе, а да добиваме помалку“, порача италијанската премиерка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг