Тројна трагедија во Прилеп: Вујко усмртил внук и татко, па си пресудил себеси

Синоќа Прилеп беше потресен од ужасна семејна трагедија. Според неофицијални информации до кои дојде „Скопје1“, за време на семејна веселба дошло до двојно убиство, по што напаѓачот, кој според извори е вујко на едно од убиените лица, извршил самоубиство.

Иако сè уште нема официјална потврда од надлежните институции, се претпоставува дека вујкото најпрво го застрелал својот внук и неговиот татко, а потоа го насочил оружјето кон себе.

На местото на настанот во Прилеп има силно полициско присуство. Екипи на МВР извршуваат увид и се чекаат повеќе детали за трагедијата која ја потресе јавноста.

Повеќе информации се очекуваат во текот на утринските часови.