Важни информации за Водата во Тетово

Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово денеска ги информираше граѓаните дека последните лабораториски анализи потврдиле – водата за пиење е целосно безбедна.

„Врз основа на добиените резултати, утврдено е дека водата што ја дистрибуираме ги исполнува сите предвидени стандарди за вода за пиење и е безбедна за користење“, се вели во соопштението од претпријатието.

Од „Шар“ апелираат до граѓаните да продолжат одговорно да ја користат водата, особено во летниот период кога има зголемена потрошувачка, и потсетуваат на потребата од рационално користење на ресурсите.

Граѓаните можат да се обратат до службите на ЈКП „Шар“ за сите дополнителни информации или потреби поврзани со водоснабдувањето.