Connect with us

Црна Хроника

Кривична пријава за лекар од Струга – МВР со детали

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот К.С. од Струга, лекар во Општата болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според пријавата, К.С. во периодот од 1 јули 2019 година до 29 ноември 2024 година, кога му било врачено отказното решение, не се појавувал на своето работно место и не ги известил надлежните за прекин на специјалистичкиот стаж, што било спротивно на член 144-а од Законот за здравствена заштита.

Дополнително, од 15 јули 2020 година, кога му истекла важноста на лиценцата за работа, па сè до неговото отпуштање, К.С. немал валидна лиценца издадена од Лекарската комора, но и покрај тоа продолжил да прима плата и додатоци.

Со ваквото постапување, тој го оштетил буџетот на болницата и стекнал противправна имотна корист во износ од 1.956.569 денари. Случајот е целосно документиран и надлежното обвинителство ќе постапува понатаму.

Advertisement

Црна Хроника

Лажел дека е туристички агент и украл 6.080 евра

Кривична пријава за измама поднел СВР Куманово против Е.Б.(33) од Куманово.

Како што соопшти полицијата, тој се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и на измама од едно лице, за резервација за летување за две семејства во Турција, зел 373 890 денари (6.080 евра), соопшти СВР Куманово.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична за багеристот што го остави Тетово без струја

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А. (44) од с. Боговиње, како и против Ф.А. (45) од с. Боговиње, управител на правен субјект, товарејќи ги за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.

На 29 септември, првопријавениот во дворот од Клиничка болница Тетово, додека работел со багер во сопственост на правното лице, оштетил електрични кабли за струја, по што, голем дел од градот Тетово останал без електрична енергија.

Continue Reading

Црна Хроника

Интервентната полиција приведе тежок криминалец – МВР со детали

Лишено од слобода лице барано со потерница за издржување казна затвор

Денеска (18.12.2025) во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода Е.Т. (26) од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години.

По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг