pozar kola

Пожар во Скопје уништи три возила – нема повредени

Рано утрово, околу 04:15 часот, на улицата „Петар Ацев“ во Скопје избувнал пожар во паркирано патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот Г.М. од Скопје. Возилото целосно изгорело, а огнот зафатил уште две соседни возила – „Форд Фиеста“ сопственост на Б.Ѓ. (51) и „Пежо“ сопственост на К.Т. (55), исто така од Скопје.

Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирала и пожарот бил изгаснат без да има повредени лица.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е извршен увид од страна на екипа на СВР Скопје, а причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.