Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода

Општина Кисела Вода ја бележи 2025 година како најуспешна година по реализација на капитални проекти во својата историја. Како што информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по денешата седница на Советот, каде беше усвоен ребаланс на Буџетот, само во првите шест месеци од годинава се реализирани повеќе капитални инвестиции отколку што биле реализирани во целосни буџетски години во минатото.

– Со денешниот ребаланс на Буџетот, се заокружува најинтензивниот инвестициски период во историјата на Кисела Вода.  Само преку него, се обезбедени дополнителни 399.947.510 денари за капитални проекти. Кога на ова ќе се додадат средствата веќе предвидени во Основниот буџет за 2025 година, вкупниот износ за капитални инвестиции достигнува рекордни 858 милиони денари, што е значително повеќе од целокупните буџети на општината за време на цел четиригодишен мандат на моите претходници-изјави Ѓорѓиевски. Реализацијата на капиталните проекти во првата половина од 2025 година изнесува 130.003.985 денари, средства со кои се завршени бројни инфраструктурни зафати и други капитални инвестиции. Споредбено со минатото, оваа бројка речиси двојно ја надминува реализацијата во некои од годините под раководство на СДСМ. Покрај капиталните проекти, рекордно ниво е достигнато и во исплатата на субвенции и социјална помош за граѓаните. Вкупно 67 милиони денари се исплатени до сега, што е повеќе од четири пати повисоко ниво во споредба со 2020 и 2021 година. Овој резултат не е случаен. Тоа е резултат на транспарентно, чесно и одговорно управување. Ги скративме непродуктивните трошоци, го зголемивме степенот на наплата и ја удвоивме приходната страна на буџетот. Покажавме дека кога има ред, кога средствата се трошат совесно, се постигнуваат рекорди – посочи градоначалникот Ѓорѓиевски.

Во својата, последна година како градоначалник на Кисела Вода, Ѓорѓиевски го заокружува мандатот со целосна реализација на речиси 95% од ветената програма и со обнова и изградба во речиси секоја урбана и рурална заедница во општината.

-Ова не е само финансиска и инфраструктурна пресметка. Ова е резултат на еден целосно сменет начин на работа – создадовме нова доверба кај граѓаните, ги ставивме нивните потреби пред политиката, и покажавме како изгледа локална самоуправа која функционира со ред и резултати. Се гордеам што во моментов Кисела Вода е општина која ги менува на подобро вредностите на живеењето. Исто таков модел на менаџирање заслужува и Скопје- истакна градоначалникотЃорѓиевски.

Скопје

Жителите на Општина Аеродром сега можат директно да ја оценат работата на општината

Во обид да ја направи локалната самоуправа поотворена, поефикасна и поблиска до граѓаните, Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин на давање оцени и мислења за квалитетот на работењето на Општината и на секој вработен поединечно.

Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку препознавање на позитивните практики, како и идентификување на областите каде постои простор за подобрување.

Анкетата е кратка, трае помалку од една минута и не собира лични податоци, а граѓаните можат лесно да учествуваат преку скенирање на QR-кодот поставен на официјалните банери на Општината. Со неколку клика, секој може да го изрази своето мислење и да даде оценка за работата на Општината.

„Секоја оцена и секое мислење од граѓаните ќе ни помогне да ги подобриме услугите и да ја зголемиме ефикасноста на нашето работење“, велат од Општина Аеродром, додавајќи дека активното учество на граѓаните е клучно за создавање на поодговорна и сервисно ориентирана локална самоуправа.

Општината ја изразува својата благодарност до граѓаните за довербата и за ангажманот во процесите кои го обликуваат идниот развој на заедницата.

Continue Reading

Скопје

Дивоградбите го задушуваат Скопје: Професорите предупредуваат за сериозното загадување

Скопје и околината се соочуваат со сериозен проблем со загадувањето на воздухот, а опасноста не доаѓа само од познатите ПМ10 и ПМ2,5 честички. Како што посочија експертите на научната трибина организирана од Македонското еколошко друштво (МЕД), овие честички носат и други токсични супстанци кои, преку дишењето, директно навлегуваат во човечкиот организам и сериозно го загрозуваат здравјето.

„Проблемот не е само присуството на суспендирани цврсти честички, туку и токсичните материи што се врзуваат за нив и преку воздухот навлегуваат во телото. Индексот за квалитет на воздухот покажува сериозна неповолна состојба во Скопје“, рече д-р Марина Стефова, професорка на Институтот по хемија при ПМФ.

Според Стефова, загадувањето е најизразено во зимскиот период, кога температурната инверзија и зголеменото создавање на фини честички го прават воздухот густ и отровен. Но, штетните хемиски соединенија се присутни целата година, дури и кога нивното влијание не е толку очигледно.

Експертите истакнаа дека за решавање на проблемот се потребни сериозни мерки: намалување на емисиите од сообраќајот, намалување на користење на фосилни горива за греење, ограничување на производите со штетни хемикалии, зголемување на зелените површини, пошумување, едукација за еколошка одговорност и строга контрола на емисиите.

Скопје се издвојува како една од „жешките точки“ на загадување во регионален контекст, а високи нивоа на загадување се регистрираат и во Струмичката и Пелагониската Котлина, истакна проф. д-р Ивица Милевски од Институтот за географија при ПМФ.

„Градот е сместен во котлина, а непланската урбанизација дополнително го блокира природниот проток на воздухот низ Вардар. Наместо да се движи, воздухот се врти и создава ‘вртлози’ што го задржуваат загадениот воздух“, објасни Милевски. Тој додаде дека подобрувањето на состојбата бара радикални мерки насочени кон сообраќајот, индустријата, домаќинствата и урбаното планирање, како и повеќе зелени површини.

На трибината беше претставена и платформата Google Earth Engine, која овозможува прецизни и визуелни податоци за загадувањето, вклучувајќи јаглерод моноксид, азот диоксид и сулфур диоксид.

Најопасни се ПМ2,5 честичките, кои можат да навлезат длабоко во белите дробови и дури во крвотокот. Само во Европа, во 2023 година, тие биле причина за 206.000 смртни случаи. Азот диоксид, главно од сообраќајот, исто така предизвикува сериозни заболувања на срцето и белите дробови, со 34.000 смртни случаи во ЕУ само за минатата година.

На трибината се зборуваше и за перзистентните органски загадувачи (ПОПс) – супстанции кои се присутни секаде, од пестицидите во земјоделството до текстилните производи во секојдневна употреба. „Овие материи се исклучително трајни, се акумулираат во организмот и можат да предизвикаат канцер, нарушување на нервниот систем и проблеми со репродуктивното здравје“, истакна Сузана Андонова од Министерството за животна средина.

Проблемот е дополнително продлабочен од нефункционалниот систем за управување со отпад. Проф. д-р Трајче Стафилов посочи дека државата сè уште нема воспоставено ефективна мрежа на регионални депонии, што дополнително го загрозува здравјето и околината.

Continue Reading

Скопје

Дел од Кисела Вода денес без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје најави дека, денес ќе има прекин на електричната енергија на улицата 368 бр.3 во општина Кисела Вода, по добиено известување од ЕВН Македонија АД.
Прекинот ќе трае од 9 до 11 часот, а причината се технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг