Connect with us

Црна Хроника

Тетовец фатен на дело – во неговиот локал пронајдени жени од Албанија, Косово и Србија!

Полициски службеници од СВР Тетово ноќеска околу 03:50 часот привеле 44-годишниот Џ.М. од Тетово, по извршена акциска контрола во негов угостителски објект на улицата „Браќа Миладинови“, покрај автопатот Гостивар–Тетово.

Контролата се спровела во периодот од 01:00 до 04:00 часот, при што во објектот биле затекнати 11 женски лица на возраст од 20 до 53 години, од кои шест македонски државјанки и пет државјанки на Албанија, Косово и Србија. Странските државјанки работеле во објектот, а биле приведени и задржани во полициска станица поради сомневање за злоупотреба на туристичкиот престој.

Приведен е и сопственикот на објектот, Џ.М., кој е задржан за понатамошна постапка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 212 од Законот за странци – „помагање на странец при незаконит престој“.

Случајот е документиран, а истрагата е во тек.

Advertisement

Црна Хроника

Дресот на Рокдејл Илинден на јавниот споменик за жртвите од терористичкиот напад во Бонди

На јавниот споменик посветен на жртвите од терористичкиот напад во Бонди, денеска беше поставен дресот на Рокдејл Илиден, во чест на Дан Елкајам, кој го загуби животот за време на трагичниот настан. Овој симболичен чин има за цел да ја оддаде почитта кон неговата храброст и да потсети на трагичните настани кои го потресоа градот.

Граѓаните, семејствата на жртвите и претставници на локалната заедница присуствуваа на церемонијата, носејќи цвеќиња и запалени свеќи како знак на почит. „Овој дрес не е само облека, туку симбол на сеќавање и единство против насилството“, рече еден од организаторите на настанот.

Поставувањето на дресот е дел од поширока иницијатива за зачувување на меморијата на жртвите и за подигнување на јавната свест за важноста на солидарноста и мирот во општеството.

Facebook

Continue Reading

Црна Хроника

Лажел дека е туристички агент и украл 6.080 евра

Кривична пријава за измама поднел СВР Куманово против Е.Б.(33) од Куманово.

Како што соопшти полицијата, тој се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и на измама од едно лице, за резервација за летување за две семејства во Турција, зел 373 890 денари (6.080 евра), соопшти СВР Куманово.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична за багеристот што го остави Тетово без струја

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А. (44) од с. Боговиње, како и против Ф.А. (45) од с. Боговиње, управител на правен субјект, товарејќи ги за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.

На 29 септември, првопријавениот во дворот од Клиничка болница Тетово, додека работел со багер во сопственост на правното лице, оштетил електрични кабли за струја, по што, голем дел од градот Тетово останал без електрична енергија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг