Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: Одобрени се средства од Владата за  реализација на 22 капитални проекти за Кисела Вода

Општина Кисела Вода доби финансиска поддршка за реализација на дури 22 капитални проекти преку Вториот јавен повик на Владата на Република Македонија. На денешната свеченост во Владата, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги потпиша договорите за проектите кои се директна инвестиција во здравствениот, образовниот, социјалниот и инфраструктурниот развој на општината.-Овој потег претставува сериозна институционална поддршка за забрзан развој на општините, рамномерен напредок на сите региони и директна инвестиција во квалитетот на живот на граѓаните. Искрено се заблагодарувам на Владата на Република Македонија, на премиерот Христијан Мицкоски, како и на Министерството за локална самоуправа како координатор на овој процес, за оваа значајна и конкретна поддршка која ја добиваме како локална самоуправа.Средствата што денеска ги добивме значат огромен исчекор за Општина Кисела Вода и тоа  не само како општина, туку како заедница на луѓе, на семејства и нивните секојдневни потреби. Кисела Вода доби поддршка за 22 капитални проекти кои се директна инвестиција во здравствениот, образовниот, социјалниот и инфраструктурниот развој на општината. Тоа не се само проекти на хартија, туку реални решенија за реални потреби на нашите сограѓани.Оваа соработка помеѓу локалната и централната власт е вистински пример како заеднички, здружено, можеме да инвестираме во иднината и на секое село,  на секоја населба, и на секој град и општина. Ова е рамномерен развој на дело, нешто што ретко се памети во минатото, и претставува основа за стабилен и траен прогрес. Ова е силен поттик за понатамошна работа и реализација на големи проекти кои ја менуваат сликата на Кисела Вода, но и на цела Македонија-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Проектите за кои се одобрени средства се: 

1.Поликлиника на ГП 06.01, формирана со урбанистички план согласно член 63 од Законот за урбанистичко планирање.

2.Фекална канализација за населбата Бабин Дол, согласно урбанистички план за четврт Ј15.

3.Основен проект за реконструкција на објектот на месната заедница Драчево, КП 8411/1, КО Драчево 1.

4.Основен проект за реконструкција на објектот на месната заедница Пинтија, КП 6377, КО Кисела Вода 2.

5.Основен проект за доградба на спортска сала во ООУ „Кузман Шапкарев“, населено место Драчево, КП 8824, КО Драчево 1.

6.Основен проект за јавно улично осветлување на патот кон манастир Пеленица.

7.Атмосферска канализациона мрежа на дел од ул. Томе Арсовски од Шампионче со парк Бирарија на територија на Општина Кисела Вода;

8.Реконструкција на улица Жил Верн, општина Кисела Вода;

9.Реконструкција на улица 527, општина Кисела Вода;

10.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти – Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода- Опфат: Улица Иван Хаџиниколов со краци и улица Герника;

11.Основен проект за пешачки патеки со партерно уредување на просторот пред сала „Расадник“

12.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти – Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода -Опфат: Улица Речиште со краци;

13.Основен проект за Реконструкција на коритото на р.Мала Рада (Дното на коритото, довршување на венец на потпорни ѕидови и пешачка патека на насипот на р.Мала Рада);

14.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти – Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода – Опфат: Улица Саса со краци;

15.Основен проект за спортска сала (затворено спортско игралиште) – подрачно Основно училиште „Круме Кепески“ – Припор и

16.Основен проект за реконструкција на Атмосферски канал (Црн Канал) од ул. Малешевска 1 до Мала Рада во КО Драчево 2, општина Кисела Вода.

17.Основен проект за Реконструкција на линиски објект – дел од локален пат од мост Драчево до Охис на територија на општина Кисела Вода;

18.Основен проект за реконструкција на улица Киро Фетак во дел кај мостот;

19. Основен проект за доградба на ООУ “Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје и Основен проект за доградба на ООУ “Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје (втор дел – адаптација и новопланиран партер);

20.Новопроектирана „Улица 2“ и паркинг простор во КО Кисела Вода 1 (позади ООУ “Кузман Јосифовски Питу”) на територија на Општина Кисела Вода;

21.Основен проект за Реконструкција на ул. Томе Арсовски во ДУП за локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода и

22.Основен проект за Реконструкција на ул. Фредерик Шопен во ДУП локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода.

Advertisement

Скопје

Густа магла предизвика застој на скопскиот аеродром

aerodrom

Густата магла во скопската котлина денеска предизвика пореметување во авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје, при што неколку летови доцнат, а еден е откажан. Временските услови влијаат на слетувањата и полетувањата, информираат од аеродромот.

Најголемо доцнење е регистрирано кај летот на „Пегасус“ од Истанбул (Сабиха Гокчен), кој наместо во 09:55 ќе слета во 11:25 часот. Летот на „Виз Ер“ од Дортмунд ќе пристигне со половина час доцнење, додека летот на „АЏет“ од Истанбул, предвиден за пладне, е откажан. Летовите од Нирнберг, Фридрихсхафен и Виена засега се реализираат според распоредот.

Доцнења има и кај заминувањата. Летот на „Виз Ер“ за Париз (Бове), предвиден за 12:25, ќе полета во 13:00, а летот на „Туркиш Ерлајнс“ за Истанбул е одложен за 1 час и 20 минути, со полетување во 14:20. Аеродромот ги советува патниците редовно да ја следат официјалната веб-страница за најнови информации.

Continue Reading

Скопје

Меџити: Образованието на мајчин јазик е темел на еднаквост и соживот

Денеска беше одбележан Денот на турското образование, во организација на Основното училиште Тефејјуз, институција со долга традиција во образованието на мајчин јазик. Настанот беше посветен на значењето на турското образование во Северна Македонија, неговата улога во зачувувањето на културниот идентитет, како и на континуираниот придонес на турската заедница во образовниот и општествениот живот.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити истакна дека ваквите настани ја потврдуваат вредноста на образованието на мајчин јазик како клучен елемент за почит, еднаквост и соживот во мултиетничкото општество. Тој нагласи дека институционалната поддршка за образованието на мајчин јазик останува јасна и недвосмислена заложба.

Според Меџити, почитувањето и унапредувањето на образованието на мајчин јазик за сите заедници претставува основа за еднаквост, општествена кохезија и градење инклузивно општество во кое секој граѓанин има еднакви можности.

Continue Reading

Скопје

Активирани алармантни мерки во Скопје – газдите треба да ги ослободат од работа следниве категории на лица

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат.

Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Согласно настанатата состојба за мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат важат следните мерки: 

Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола

Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати

Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци

Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила

Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата

Забрана на горење на отворено

Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар

Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот

Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг